Запознај го Стефан Николиќ – Dream Team студент на Академијата за човечки ресурси за август 2024.
Мојата позадина е…
Мојата образовна и работна позадина е во најмал збор разновидна, од студент на Економски факлутет, до професионален војник во Армијата на Република Северна Македонија. Исто така имаше и многу различни времени работни позиции, збогатени со многу различни интереси, човечки карактери и искуства, кои дефинитивно ми отворија нови животни видици и нови инспирации за нивно подлабоко разбирање и успешно менаџирање.
Областа ја избрав затоа што…
Најголема инспирација ми беше уникатната шанса за работа со луѓе на некое ново и посуштинско ниво, помагање во развивањето на нивните вештини и компетенции како на поединци, така и на еден организациски, односно компаниски план. Секој човек е различен и својствен самиот на себе си, па нуди и различни пристапи и решенија за ист проблем.
Највредната лекција која ја научив досега на академијата е…
Највредната лекција дефинитивно е „Talent sourcing” и генерално целиот регрутациски процес, како еден од првите и најважните чекори во развивање на една успешна компаниска приказна. Би ја додал и „Улогата на личноста во мотивацијата”, како тема која зборува за методите за изнаоѓање на индивидуални начини за потик на вработениот кон остварување на компаниските цели.
Најгорд сум на…
Досега имам повеќе успешно изведени работни задачи, како и индивидуални и групни проекти, чиј вложен труд и успешни резлутати ме направија повеќе од горд, како од аспект на моето макотрпно учење и работа, така и од аспект на повеќе од успешно изведената тимска соработка. Но, морам да потенцирам, дека оваа шанса за Dream Team Student интервју, кое претставува особена чест и укажување за мојот досегашен труд на оваа академија е дефинитивно едно од моите најгорди достигнувања.
Мојот омилен модул е…
Омилен модул досега ми е „Employee performance management”, бидејќи суштински навлегува во темата за вработените како еден од најзначајните инпути за остварување на компаниските цели како и во прашањето за награда на успешните вработени.
Инструкторот кој најпозитивно влијаеше на мене е…
Опкружен со врвни теоретичари и практичари во областа на менаџирање со човечките ресурси, тешко е да се избере еден кој имал најпозитивно влијание врз мене, но дефинитивно тука би ја истакнал инструкторката Викторија Дамчевска, која ми ги прошири хоризонтите и погледите како за луѓето така и за бизнис сферата.
Академијата досега ми има помогнато во моите кариерни планови и цели така што…
Оваа Академија ми даде ново знаење, нови хоризонти и размислувања, кои верувам дека ќе ми помогнат на мојот кариерен план и ќе ми овозможат да ја работам работата од моите соништата.
Мојот совет до идните студенти на Brainster…
Идните студенти на Brainster би ги советувал да учат и да се надградуваат во тоа што го сакаат и во она што ги исполнува, без разлика на тоа колку и нештата да им изгледаат недостижни, тешки или неисплатливи. Пазарот на труд е променлив и непредвидлив, и можеби баш вашите уникатни компетенции и вештини ќе ве спојат со компанија која е најкомпатибилна за вас. Би завршил со една позната изрека, среќата им служи на храбрите.