Запознај ја Сара Мисовска – Dream Team студент на Академијата за човечки ресурси за јуни 2024.
Мојата позадина е…
Дипломиран правник/медицинска сестра.
Областа ја избрав затоа што…
Отсекогаш сум се гледала во областа на HR, ја сакам работата со луѓе и верувам во значењето на задоволните вработени како основа за успешните организации. Мојата цел е да бидам дел од процесот на изградба на успешни организации преку поставување на правилните системи и политики за управување со човечките ресурси.
Највредната лекција која ја научив досега на академијата е…
Разбирањето на значењето на вклученоста и разновидноста во работната средина, што креира посветеност, иновации и успешно управување со талентите.
Најгорда сум на…
На сите изработени домашни задачи, учеството во регрутатонот и учеството на mock-up интервјуата со студентите од другите академии и реалнот проект.
Мојот омилен модул е…
Регрутација, селекција и on-boarding. Успешната регрутација е клучна за развојот и стабилноста на компанијата, која овозможува одбирање, ангажирање и задршка на најдобрите таленти кои се совпаѓаат со културата на една компанија.
Инструкторот кој најпозитивно влијаеше на мене е…
Сите инструкторки на свој начин позитивно влиаеја на мене, не би можела да издвојам.
Академијата досега ми има помогнато во моите кариерни планови и цели така што…
Следењето на академијата ми обезбеди целосна подготовка во областа на човечките ресурси, со практични и теоретски аспекти, како и мрежа на контакти во индустријата.
Мојот совет до идните студенти на Brainster…
Слушајте ги предавањата и искористете ја секоја можност за развој на вашите вештини преку домашните и практичните проекти.