Запознај ја Марија Ѓорѓиевска. – Dream Team студент на Академијата за човечки ресурси за мај 2024.  

Мојата позадина е…

По струка сум наставник по англиски јазик и работам во образование околу 10 години. 

Областа ја избрав затоа што…

Имав желба да го применам моето искуство од образование и менторирање во нова област каде што можам да помогнам во развојот на луѓето од друга перспектива. Верувам дека човечките ресурси се клучни за успехот на секоја компанија.

Највредната лекција која ја научив досега на академијата е…

Важноста на емпатијата и ефективната комуникација во управувањето со човечки ресурси. Исто така и тоа дека секој вработен има свои уникатни потреби и цели, и разбирањето на овие аспекти е клучно за креирање позитивна работна средина.

Најгорда сум на…

Успешно завршените проекти каде што имав можност да го применам теоретско знаење во практични ситуации. Овие проекти ми помогнаа да стекнам самодоверба и конкретни вештини кои ќе ми бидат корисни во иднината.

Мојот омилен модул е…

Организациската култура. Преку овој модул, добив можност да се запознаам со различните аспекти на културата во организациите и како таа влијае на перформансите и задоволството на вработените. 

Инструкторот кој најпозитивно влијаеше на мене е…

Би ја издвоила Ивана Дојчиновска Стојановиќ. Таа имаше фантастична енергија и со нејзините практични примери и искуства од реалниот свет придонесоа за поголемо разбирање на материјата.

Академијата досега ми има помогнато во моите кариерни планови и цели така што…

Ми помогна да ги проширам своите знаења и вештини во областа на човечките ресурси, што ми овозможи да бидам подготвена за предвизвиците во мојата кариера. Се запознав со најновите трендови во областа и развив мрежа на контакти со колеги од областа.

Мојот совет до идните студенти на Brainster…

Да се ангажираат максимално и да ги искористат сите можности што ги нуди академијата. Вложувајте време и енергија во учењето, бидете активни во дискусиите и размената на искуства со колегите, и поставувајте си цели што подобро да ги овозможат вашите кариерни амбиции. 


Местата се пополнети! Приклучи се на листата на чекање денес и ПРВ/А дознај доколку се отвори повторно можност за упис на Brainster+ Академијата за човечки ресурси


Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

11 Компании. 110 Студенти. 1000€ Ваучер.