Запознај ја Данче Влахова – Dream Team студент на Академијата за Човечки ресурси за месец јануари 2024.
Име и презиме: Данче Влахова
По професија: Сметководство/ Администрација во компанија за транспорт и изнајмување работници во Германија.
Академија: Академија за Човечки ресурси
Зошто баш оваа област: Затоа што работата како HR менаџер овозможува да се има позитивно влијание врз вработените преку создавање на поддржувачка и ангажирана работна средина кадешто истите можат да напредуваат лично и професионално, а со тоа и самата компанија.
Што те мотивира постојано да учиш: Учењето ми помага да останам во тек со најновите знаења и трендови, а со тоа и да дадам значаен придонес за решавањето на тековните проблеми, континуирано да се развивам и да ги задоволувам потребите на современиот свет.
Најинтересната работа што ја имаш научено на Академијата: Најинтересна работа што ја научив на академијата е фактот што HR менаџерите имаат многу поширок спектар на одговорности и импакт во компанијата отколку што претходно си имав замислено.
Омилен модул и зошто: Модулот “Employee Performance Management”, бидејќи беше предизвикувачки за мене.
Кој инструктор ти остави најголем впечаток: Досега, трите инструкторки, Фросина Зафировска, Лилјана Секуловска и Викторија Дамчевска ми оставија впечаток на свој начин.
За 5 години сакам да бидам: Успешен HR менаџер кој ги руши сите лоши стереотипи.
Хоби: Цртање.
Омилена книга: Малиот Принц – Антоан де Сент Егзипери, книга во чија едноставност лежи длабока мудрост, безвременска приказна која нежно ги шепоти вистините за животот, љубовта и убавината на невиноста.
Омилен цитат: “You miss 100% of the shots you don’t take.” – Wayne Gretzky
Подготви се за твојата кариера од соништата учејќи од експерти со интернационално искуство. Со Brainster+ отсега на нашите академии ти нудиме плус 20 курса со напредни технички вештини, вештини за вработување и AI вештини, за поголема предност на пазарот на трудот.
