Запознај ја Теодора Трендафиловиќ – Dream Team студент на Академијата за човечки ресурси за месец февруари 2024.
Име и презиме: Теодора Трендафиловиќ
По професија: правник
Академија: Академија за човечки ресурси
Зошто баш оваа област: Сакам луѓе, комуникација и работа со луѓе, па областа на човечките ресурси отсекогаш ми била привлечна и проучувањето на оваа област ми е долго време на bucket list.
Што те мотивира постојано да учиш: Главен двигател е мојата љубопитност, неоткриените области за проучување, а поврзување на теоријата со практиката ми е најголема мотивација за продлабочување на знаењата.
Најинтересната работа што ја имаш научено на Академијата: Најинтересната работа ми беше осознавањето на силната и детерминантна улога на на признанието како поттикнувач на ангажираноста на вработените.
Омилен модул и зошто: Омилен модул за истражување ми беше модулот за Перформанс менаџмент, особено поради тимската проектна соработка.
Кој инструктор ти остави најголем впечаток: Најмногу ме поттикна на размислување и активност инструкторката Александра Аргир 🙂
За 5 години сакам да бидам: Во истото опкружување во кое сум сега со нови искуства од областа на човечките ресурси.
Хоби: Читање
Омилена книга: Затоа што читам многу ова ми е претешко прашање и не би можела да го одговорам.
Па затоа би ја издвоила последната книга која ја обработивме во book club-от 🙂 кој си го имаме со другарките “Смола од Ане Рил”
Омилен цитат: Отсекогаш верував, и се уште верувам, дека без разлика дали добра или лоша среќа ќе ни се случи, секогаш можеме да и дадеме значење и да ја трансформираме во нешто вредно. – Херман Хесе, Сидарта