Запознај ја Алдана Лоровски-Ристовски – Dream Team студент на Академијата за човечки ресурси за април 2024.
Мојата позадина е…
Магистер по деловно право.
Областа ја избрав затоа што…
Јас сум човек кој сака да биде опкружен со луѓе, сакам да бидам во постојана и директна комуникација со нив, затоа што нивниот поглед и говорот на тело зборуват многу повеќе од тоа што ќе го кажат.
Највредната лекција која ја научив досега на академијата е…
Еден HR треба да има изострено око за да може да внимава на сѐ што се случува со и околу вработените да ги стави во функција сите сетила и да биде пример за правилно однесување, тимски играч, и посветеност на работата и извршување на работните задачи.
Најгорда сум на…
Соработката со останатите колеги на Академијата изработката на заедничките проекти, блискоста и спремноста да се помогне во секој момент на колегата, добро направена организациска структура, добро изработен план за обуки и развој.
Мојот омилен модул е…
Мотивација и наградување на вработени затоа што мотивирани вработени значи, добра работна атмосфера и зголемена продуктивност, а сите заедно успешна компанија .
Инструкторот кој најпозитивно влијаеше на мене е…
Секоја од инструкторките инспирација по себе, поим за позитива, со голема страст, љубов за тоа што го работат, ете нека биде Александра Аргир, Ивана Дојчиновска Стојановиќ.
Академијата досега ми има помогнато во моите кариерни планови и цели така што…
Често после работниот ден/седмица имав по неколку прашања кои ме беа нејасни, ситуации и постапки со кои се соочував за кои немав одговор и не знаев како да постапам. Во текот на часовите во живо лекциите споделените искуства си наоѓав одговор за прашањата и начин како да се справам со одредена ситуација.
Мојот совет до идните студенти на Brainster…
Без размислување да го изберат Brainster, jас ги избрав и не погрешив, а нема ни вие. Тим кој целосно е посветен на студентите, тука се во секој момент за прашања нејаснотии секогаш расположени да објаснат и помогнат. Интерактивни предавања, искусни инструктори кои несебично го пренесуваат нивното искуство и знаење , едноставно ќе учите од најдобрите.
Уписите за есен 2024 на Brainster+ Академијата за човечки ресурси се веќе отворени.