Викендов во просториите на Brainster, 170 студенти од креативните академии на Brainster и факултетот Brainster Next, студиската програма UX/UI и графички дизајн, се собраа да учествуваат на најголемиот хакатон организиран од Brainster досега! Во соработка со Холандската амбасада, овие таленти се предизвикани да создадат иновативни решенија за OutLearn, едукативна платформа наменета за средношколци.

Поделени во 12 тима, студентите работеа под менторство на искусни професионалци, користејќи ги своите вештини и креативност за да ги решат предизвиците на модерното образование. Хакатонот им овозможува на студентите да го искусат целиот процес на развој на производ, од идеја до прототип, со фокус на корисничко искуство и дизајн.

Заменик-амбасадорката Манон Јансен изрази задоволство што присуствува на настанот и што гледа толку многу млади луѓе на едно место, нагласувајќи дека тие се иднината. Таа го спомена мотото на Brainster e “Improve learning, so we can improve the world” и го поврза со мотото на Холандската амбасада “We shine together”, истакнувајќи дека добро се надополнуваат. Јансен изрази гордост за учесниците и нивната посветеност на проектот, нагласувајќи дека тие работат на креирање на платформа која ќе биде од големо значење.

Зошто е значаен овој хакатон?

Овој хакатон е од огромно значење за учесниците, но и за младите и средношколците во нашата заедница. Едукацијата е темел на иднината, а иновативните решенија можат да го подобрат начинот на кој учениците учат и се развиваат. Платформата што ќе ја креираат студентите ќе има потенцијал да го направи учењето поинтересно, поинтерактивно и подостапно за сите.

Работата под притисок, како што е на хакатоните, е одлична можност за студентите да ги развијат своите вештини за управување со времето, решавање проблеми и тимска работа. Ограничениот временски рок ги поттикнува да бидат креативни, ефикасни и да работат заедно за да постигнат заедничка цел. Ваквите искуства се непроценливи за нивниот професионален развој и им помагаат да се подготват за реалните предизвици во иднина.

По интезивните 48 часа, тимовите креираа 12 иновативни решенија за платформата за средношколци и ги презентираа пред жири комисијата од Холандска амбасада. Следниот чекор е жирито да го избере креативното победничко решение кое потоа ќе биде преземено и развиено од техничките академии.

Овој хакатон е доказ за посветеноста на Brainster и Холандската амбасада кон поддршка на младите таленти и инвестирање во иднината на образованието. 

Следете нè за повеќе информации за хакатонот и победничките решенија!

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

11 Компании. 110 Студенти. 1000€ Ваучер.