Запознај го Слободан Митков – Dream Team студент на Академијата за Full-stack програмирање за мај 2024.  

Мојата позадина е…

Завршен степен во ССС за економија, искуство во маркетинг на социјални мрежи во текот на една година, како и интерес и искуство во компјутерска технологија од млада возраст.

Областа ја избрав затоа што…

Сакам да научам за преден и заден дел на вебсајт, како е направен и структуриран.

Највредната лекција која ја научив досега на академијата е…

Научи и планирај, па после работи на проектот. Можеш да го направиш проектот додека учиш за него, но за пократко време ќе го направиш кога ќе разбереш како да го направиш и го испланираш времето.

Најгорд сум на…

На првиот проект даден од академијата така што бев тестиран колку можам да се снајдам со преден и заден дел на вебстрана.

Мојот омилен модул е…

PHP, така што има доста голема улога за структурата на веб-страницата и веб-апликациите.

Инструкторот кој најпозитивно влијаеше на мене е…

Ахмет Адем, затоа што ни помогна како да размислуваме да ги решаваме проблемите и Симеон Здравевски за подобро разбирање на материјалот даден за секој модул.

Академијата досега ми има помогнато во моите кариерни планови и цели така што…

За планирање со времето за дадена задача и поразлично размислување за тоа како можам да решам проблем.

Мојот совет до идните студенти на Brainster…

Слушај ги модулите. Не брзај да ги завршиш, пробај да ги научиш за да можеш да ги искористиш после. “Keep calm and work hard”.


Местата се пополнети! Приклучи се на листата на чекање денес и ПРВ/А дознај доколку се отвори повторно можност за упис на Brainster+ Академијата за Full-stack програмирање


Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

11 Компании. 110 Студенти. 1000€ Ваучер.