Овој текст е дел од серијата бесплатни лекции од Brainster во категоријата Дигитална Трансформација. Регистрирај се за уште 60 бесплатни лекции за Маркетинг, UX/UI Design, Project Management, Growth Hacking, Дигитална Трансформација и Кариера.
Она што го поткрепува успехот на големите компании е нивниот позитивен пристап кон реазлизирање на свежи идеи. Потоа следува способноста, вештините и начинот на размислување на работната сила на компанијата.
Постојат добри практики и инвестиции кои даваат поголеми шанси за успех во организирањето на работната сила околу очекувањата и потребите на потрошувачите. Од каде да се започне?
Започни од врвот
Состанокот за изнаоѓање нови начини на работата во дигиталната ера мора да започне од врвот на компанијата. Една од првите задачи на компанијата е да создаде програма за развој на лидерство која треба да ги опреми директорите со знаење, начин на размислување и начини на работа на компанијата во дигиталната ера. Потребно е да се изградат дигитални мапи за регионот на дејствување на бизнисот и да се моделира однесувањето на членовите во тимот. Овие планови треба да бидат прифатени и спроведени. Тимот треба да е подготвен да експериментира, да биде отворен кон надворешни партнерства и повеќе автономни тимски структури.
Директен пристап на вработените до потрошувачите
Брзорастечките производи за широка потрошувачка, го надминуваат традиционалниот малопродажен модел. Plug-and-play технологијата за е-трговија, оптимизацијата на пребарувачот и големиот број дигитални решенија за дистрибуција го олеснуваат патот на производот за тој директно да стигне до потрошувачите. Оваа промена им дава можност на компаниите да добијат увид во вкусовите и навиките што ја диктираат нивната продажба. Меѓутоа, да се добие увид во овие податоци треба истовременнпремин во организациската структура за да се приближат внатрешните тимови на компанијата до потрошувачите. Новите дигитални алатки, како што се социјални медиуми, истражување на корисниците и мапирање на нивните патувања, можат да бидат моќни можности за насочување кон дигитална трансформација.
Помогни им на вработените да се движат лесно и брзо низ процесот
Агилноста е клучот за успехот во процесот на дигитална трансформација. Денешните технологии и потребите на потрошувачите се менуваат побрзо отколку што досега можеа да испорачаат традиционалните бизнис модели. Вработените треба да бидат подготвени и овластени да се придвижат со ова темпо. Најдобар начин да се движат низ промената е да се воспостави сет од опипливи секојдневни активности и однесувања кои им овозможуваат на вработените брзо да дејствуваат.
Тимовите да се преселат онлајн на сите дигитални средства кои се во нивна сопственост и во сопственост на компанијата. Сајтови за клиенти, социјални мрежи и сите други социјални канали. Потребно е да се воведат чести извештаи кои ќе му помогнат на тимот да остане во постојана предност во однос на однесувањето и активноста на потрошувачите. Со ова темпо далеку повеќе и побрзо би се следеле информациите во однос на кварталните и годишните извештаи. Тимот треба да има во предвид се. Од времето на вчитување на страницата до критиките на потрошувачите кои ги споделиле на социјалните медиуми.
Инвестирај во „дизајнирање на работното искуство“
Некои водечки компании се потпираат на „дизајнирање на работното искуство“ за да го преиспитаат искуството на своите вработени. Ова се прави со цел за поефикасно привлекување и задржување на таленти и прифаќање на поотворени начини на работа. Компанијата сака подобро да ја разбере мотивацијата на вработените каде многумина се во нови или пак развиени улоги, или се од генерација со значително различни мотивации и очекувања во кариерата. Користејќи алатки за развој на личноста и истражување на корисниците, овие компании можат да го трансформираат начинот на кој вработените го доживуваат своето време во компанијата заедно со секоја голема пресвртница.
Една таква иницијатива може да биде програма за набљудување на работните места која им овозможува на вработените подобро да ги разберат другите улоги во компанијата, а со тоа и да ја зголемат мобилноста на вработените. Ова е едно од клучните средства во трансформацијата каде што улогите и организациските структури почесто се менуваат.
Инвестирај во доживотно учење
Големите компании полесно се справуваат со темпото на промена во нивната индустрија. Затоа учењето и работата повеќе не можат да се одвојат. Тие мораат да инвестираат во редовни и чести поттикнувачки иницијативи, кои ќе бидат во согласност со зголемените барања за времето на вработените.
На вработените треба постојано да им се овозможуваат курсеви и програми за стекнување на дигитални вештини. Тоа треба да вклучува онлајн лекции и работилници фокусирани на практични вештини. Вештините како SEO (Search Engine Optimization), Lead Generation, Аналитика и познавање на социјални медиуми и дигитални анализи се добредојдени. Треба да се понудат различни тактики како: gamification, incentives, executive communications, и многу повеќе. Сѐ ова ќе му помогне на твојот тим во успешна дигитална трансформација.
Што сакаш да научиш следно? Одбери ја темата која сакаш да ја истражиш, и со брза регистрација стигни до 60 бесплатни лекции кои ќе ти пристигнат на е-mail.
Платформата Brainster лекции произлезе од неколкумесечната едукација преку работа на реални проекти на нашите студенти. Учесниците од Академијата за програмирање и учесниците од Академијата за маркетинг ја креираа оваа алатка преку која секој може да стекне вештини за Маркетинг, UX/UI Design, Project Management, Growth Hacking, Дигитална Трансформација и Кариера.