За да ја комплетираат програмата на Академијата за графички дизајн, студентите од група 23 имаа задача да изработат лого и бренд идентитет за клиентот Startup Macedonia. 

Студентите работеа под будно око на своите ментори, искусните инструктори, и ги изработија своите завршни проекти. 

Иако сите студенти изработија интентивни и креативни проекти, решението на Весна Богдановиќ се истакна како победничко и најмногу го привлече вниманието на клиентот. 

Во продолжение поразговаравме со Весна за да ни ги сподели впечатоците од целокупната Академија, како и значењето на работата на реални проекти:

Здраво Весна! Ти си една од студентите кои покажаа одлични перформанси и кои изработија многу интересни и креативни проекти. Најпрво, сподели ни нешто за себе!

Здраво! Јас сум Весна од Скопје, магистер на правни науки, а во моментов работам како Ревизор во Државниот завод за ревизија. За себе можам да кажам дека сум креативна личност и отсекогаш ме привлекувале дизајнот и визуелното изразување, па токму поради тоа одлучив да се запишам на Академијата за графички дизајн. Иако претходно немав искуство, со помош на програмата која ја нуди Brainster успеав да ја исполнам целта која ја имав, односно се стекнав со практични знаења и вештини кои ми се потребни за самостојно и професионално работење во иднина. 

Беше дел од едно незаборавно искуство во кое имаше задача да испорачаш креативно решение за клиентот Стартап Македонија. Раскажи ни повеќе за овој проект.

Стартап Македонија беше клиент за финалниот проект и имавме задача да креираме лого и бренд идентитет кој одговара на потребите и визијата на клиентот. Станува збор модерна, иновативна организација која со својата работа се претставува и на меѓународно ниво, па поради тоа навистина беше предизвик да се биде дел од овој проект и да се пронајде соодветно решение, и секако особено ми е мило што токму моето понудено решение е одбрано како победничко.

Како се одвиваше целата соработка?

Соработката се одвиваше навистина одлично. Со клиентите имавме супер комуникација и на одличен начин ни ја претставија својата организација, а барањата кои ги имаа беа јасни и прецизни, што придонесе да се движиме во правилна насока при дизајнирањето. Од страна на менторите во текот на целиот процес имавме голема помош и поддршка за да можеме нашите идеи да ги претставиме на најдобар можен начин. 

Како успеа да се соочиш со предизвиците, притисокот од рокови, а притоа да креираш едно вакво интересно решение? 

Сметам дека со добра едукација, труд, посветеност и менаџирање на времето успехот е неизбежен!

За крај, како работата на реални проекти влијае врз вашите знаења и вештини? 

Работата со реални клиенти е од огромна вредност во процесот поради тоа што нè подготви за реалноста која нè чека во професионалната иднина и придонесе за развој на практичните вештини. Во текот на Академијата имавме можност да соработуваме со повеќе реални клиенти, а со тоа научивме како да истражуваме различни области, полесно да ги разбереме поентите и потребите на клиентите и како да го презентираме нашето решение на најдобар начин. 

Направи ја посакуваната кариерна трансформација. Со новата Brainster+ Академија за графички дизајн за 0 денари ти обезбедуваме дополнителни 20 курса кои ќе те издвојат од конкуренцијата.

Аплицирај и искористи ги ПОСЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ од овој уписен рок да го добиеш Brainster+ пакетот за 0 денари.

Учи академија додека
студираш на факултет

Доделуваме стипендии до 1000€, за зголемување на вработливоста на студентите!