До Brainster,

Не се откажав и успеав да ја исполнам мојата желба, да учам и да напредувам во професија која ја сакам.

Мојата желба за дизајн и креирање започна уште од најраните години кога дознав што се боички и лист хартија. Но, уште од средно имав страв да се насочам кон дизајн, па станав програмер бидејќи нели „тоа е иднината“. Како растев во мојата програмерска кариера, сфатив дека тоа не ме исполнува и дека ми треба промена. 

Иако отсекогаш бев посветена и дисциплинирана кога се работи за учење, знаев дека кариерна промена нема да биде лесна, особено во мојот случај. Учев нова вештина, бев студент но, со 8 часовно работно време. Brainster+ Академијата за графички дизајн ми помогна да си креирам една рутина.

Можноста да ги следам предавањата онлајн или да ги прегледувам снимените видеа ми беше особено корисна во моментите кога имав многу работа. А љубовта кон дизајнот и естетиката ми помогнаа на предизвиците да гледам како на еден вид на релаксација и задоволство. Па така, некогаш работев на реалните проекти и во 1 часот навечер или во 7 часот наутро. 

И кога е тешко, треба да си подготвен да дадеш максимум за да направиш промена.

Иако некои работи на почеток ми се чинеа тешки. Речиси се во Photoshop, моментите кога на работа морав да работам подолго, кога се ближеше крајниот рок за реален проект, а јас немав идеја или време за да го почнам. Тоа се моментите кога може да се обесхрабриш, но баш тогаш треба да вложиш уште малку повеќе труд, да пробаш повеќе пати. За да успееш треба да си секогаш подготвена да дадеш максимум. Да се откажеш можеби од голем дел од твоето слободно време. Да се посветиш на учење и да се надоградуваш и надвор часовите. Но најважно, да не се откажуваш и покрај пречките што ќе се појават.

Претходно се чувствував на некој начин заглавено во однос на кариерата и мечтаев еден ден да работам нешто што ќе ми биде забавно секој ден. Имав среќа да не барам работни позиции, тие ме најдоа мене. Откако прикачив CV и портфолио на платформата на Brainster, добив 3 понуди за пракса и ја одбрав најдобрата за мене.

Денес се радувам што успеав да ја исполнам мојата желба. Што имам можности да учам и да напредувам цело време во професија која ја сакам. Денес јас сум графички дизајнер во Publicis. Веќе со година искуство во дизајн, мотивирана за константно подобрување и спремна за нови предизвици. Личниот раст што го доживеав преку промената на мојата кариера ме инспирираше да продолжам да се подобрувам себеси и да се развивам во сите аспекти од мојот живот.

Со љубов,

Симона


Избери го #1 образованието што вработува. Аплицирај на Brainster+ Академијата за графички дизајн и биди и ти дел од тие 2136+ студенти!


Од постоењето на Brainster досега се вработени повеќе од 2136 студенти, и бројот се зголемува ден за ден! Повеќе од 2136 успешни приказни, повеќе од 2136 променети животи!

Симона Симоновска, алумни студент од Brainster+ Академијата за графички дизајн ја направи таа промена. Кога сфаќа дека работата како програмер не ја задоволува, одлучува да се сврти кон дизајнот.

И покрај обесхрабрувачките моменти и вложениот напор, со пробување повеќе пати додека не успее прави кариерна промена кон она што ја исполнува.

За сите следни успешни кариерни промени!

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

10 Компании. 100 Студенти. 1000€ Ваучер.