Ана Тасева е алумни студентка од нашата Академија за графички дизајн која од неодамна реши своето пријателство со Симона Савеска споено со нивната љубов кон дизајнот и креативното изразување да го преточат во заеднички бизнис – Moxie Digital Studio

Тие ни споделија интересни работи во врска со нивната пасија за дизајнот и ументоста, но и за тоа како е да станеш бизнис-партнер со добар пријател:

Дополнете ја реченицата: Moxie Digital Studio е дизајн студио кое…

…е динамично и иновативно студио за графички дизајн, чија специјалност е испорака на висококвалитетни креативни решенија за клиенти од различни индустрии. Целта на Moxie е да им помогне на клиентите да ги постигнат своите цели преку визуелно привлечни решенија што резонираат со нивната целна публика.





Како се роди идејата да отворите сопствено студио? Дали отсекогаш сте сакале да започнете сопствен бизнис?

Одлуката да го отвориме Moxie беше предводена од нашата страст за дизајн, нашата желба да се предизвикуваме себеси креативно и нашата посветеност да даваме исклучителни креативни решенија за нашите клиенти. Верувавме дека со основање на сопствено студио, можеме подобро да го исполниме нашиот креативен потенцијал.

Отпочнувањето на сопствен бизнис не беше секогаш јасна цел од самиот почеток на нашите кариери, но можноста да се основа Moxie Digital Studio совршено се усогласи со нашите аспирации и вредности.


Кога започнува вашето пријателство? Која е предноста да започнете бизнис со некој близок?

Сѐ започна пред 4 години во едно креативно концепт Sk8 катче Error Kolektiv. Од првата дружба имавме чувство како да се познаваме многу подолго.

Нашето пријателство ја постави основата за создавање на Moxie Digital Studio, обезбедувајќи цврста основа изградена на доверба, комуникација и меѓусебно почитување.

Предноста да се биде деловен партнер со некој близок е постоењето на меѓусебна  доверба, отворена комуникација, споделени вредности и меѓусебна поддршка, што може да понуди уникатна работна динамика, да доведе до поефикасна соработка, донесување одлуки и севкупен успех во деловните напори.



Дали веќе имате први клиенти? Како се доаѓа до првите клиенти?

Да, возбудени сме да споделиме дека веќе ги имаме првите клиенти и почнавме да градиме односи со нив. За стекнувањето на нови клиенти ги искористивме нашите професионални мрежи, пријатели и познаници, претставувајќи го нашето портфолио и нудејќи им креативни решенија и демонстрирајки го квалитетот што можеме да го обезбедиме. Дополнително ги користиме социјалните медиуми и онлајн платформите за да ја зголемиме видливоста и да привлечеме потенцијални клиенти.

 

Кои ви се некои омилени проекти на кои сте работеле и зошто?

Тешко е навистина да се издвојат најомилени проекти бидејќи секој проект си носи со себе своја уникатност и тежина, но како некои од омилените можеме да ги издвоиме следните:

Logo & Print Design: Pawpers in the Ruff (Animal Rescue)

Logo Design: Lilla Bjorn Stories (Baby & children’s clothing store)

Posters: Furry Frame Design (Framed Pet Posters)

 

Ана, ти си алумни студентка на Академијата за графички дизајн. Зошто баш таа Академија?

Ана: Покрај желбата да се изразувам креативно низ класичните техники на традиционалната уметност, отсекогаш постоеше доза љубопитност да ја истражам областа на графичкиот дизајн, како би создала креативна дигитална содржина. Препознавајќи ја важноста и вредноста од совладување на дигиталните вештини решив да се запишам токму на оваа академија.





Споделете ни некое искуство од Академијата кое на прво око или некој од надвор нема како да го знае.

Посветеноста на тимот на Бреинстер кој несебично е посветен на сите студенти подеднакво, да им помогнат и мотивираат не само низ текот на академијата меѓутоа и по завршувањето.

 

Ако можете со еден збор да ја опишете Академијата или искуството кој збор е тоа и зошто?

Empowering! 🙂




 

Кои беа Ана и Симона пред да станат графички дизајнери?

Симона: Пред да почнам да се занимавам со графички дизајн, завршив студии по компјутерски науки. Сепак, мојата страст за графичкиот дизајн беше очигледна од самиот почеток. По завршувањето на студиите, веднаш аплицирав на академија за графички дизајн за да ги научам и усовршам вештините за дизајнот. Бев одлучна дека графички дизајн е тоа што сакам да го работам.

Ана: Уште од дете кај мене постоела длабока страст за уметноста и естетски убавото. Со позадина и искуство како дизајнер за внатрешно уредување простори и студент на Факултетот за Ликовни Уметности, можам да кажам дека секогаш кај мене постои порив за креативно да се изразувам, без разлика дали е тоа сликање, цртање или пак внатрешно уредување на простори.

Преминот во графички дизајн како професија се чинеше како природен прогрес, дозволувајќи ми да ја спојам љубовта кон уметноста со модерната технологија за да создадам визуелно привлечни дизајни.


Освен дизајн, што е тоа со кое уживате да го поминувате слободното време?

Ана: Готвење, прошетка во природа, snowboarding.
Симона: Читање книги и шетање со Џиа.

 

Која е вашата пасија?

И двете ја делиме истата пасија, а тоа е љубовта кон нашите домашни миленици и помагање на оние животни на кои им е потребна помош и нега. Тоа ни успева преку Furry Frame Design, последниот проект кој го започнавме, а станува збор за креативни и врамени постери за домашни миленици преку кои со секоја нарачка, дел од сумата на постерот оди за донација кај бездомните животни.

 

Доколку и ти имаш пасија кон дизајнот и креативното изразување, провери дали има слободни места во следната група на Brainster+ Академијата за графички дизајн.