До Brainster,

Денес имам знаење кое успешно го применувам во проектите на кои работам.

Отсекогаш сум сакала да вложувам и да се надоградувам себе си и тоа продолжив да го правам и по завршувањето на Факултетот за театарски уметности. Како некој кој има пасија кон уметноста, сфатив дека Brainster+ Академијата за графички дизајн беше начинот како може мојата креативност да исплива на површина.

Пресреќна сум што се запишав на Академијата. Бев воодушевена од нејзината организираност и функционалност. Поминував по најмалку 6 часа во учење, гледав туторијали, следев успешни дизајнери и ги вежбав софтверите за дизајн. Целиот овој процес зазема голем дел од мојот живот, што понекогаш значеше и негледање и недружење со најблиските. Меѓутоа сѐ, за една добра цел.

За една ваква кариерна трансформација да биде успешна, треба да го знаеме мотивот за ваквата одлука, да ни биде јасна целта, да бидеме конзистентни додека ја реализираме таа цел, а тоа значи работа на себе, постојано учење и истражување.

Ива е денес исполнета, среќна, ужива во работата што ја работи како Graphic Designer во Thrasker, постојано учи, напредува и се надоградува.

Со љубов,

Ива.


Избери го #1 образованието што вработува. Аплицирај на Brainster+ Академијата за графички дизајн и биди и ти дел од тие 2136+ студенти!


Од постоењето на Brainster досега се вработени повеќе од 2136 студенти, и бројот се зголемува ден за ден! Повеќе од 2136 успешни приказни, повеќе од 2136 променети животи!

Ива Милчова, алумни студент од Brainster+ Академијата за графички дизајн ја направи таа промена. Нејзината кариерна трансформација ја водеше конзистентноста кон остварување на својата цел – од актер на театрската сцена стана Graphic Designer во Thrasker!

Според Ива, конзистентноста, мотивацијата и решителноста беа пресудни за да се направи оваа креативна трансформација, односно пренасочување на својата креативност на полето на графичкиот дизајн.

Прочитај ја следната успешнo постигната кариерна трансформација и инспирирај се да ја започнеш твојата.