До Brainster,

Не може да очекуваш промени кај себе доколку не излезеш од комфорт зоната и не почнеш да истражуваш непознати работи.

Бев раководител на малопродажен објект во Скопје, но имав потреба од покреативна работна средина барав вештина која нема да ми го ограничи местото на живеење во иднина. Отсекогаш сум сакал да ги подобрувам работите за да бидат пофункционални и естетски привлечни и така се створи мојата љубов кон графичкиот дизајн.

Некаде на средина од Brainster+ Академијата за графички дизајн, завршија модулите за софтверите и почнавме со работа на реални проекти. Тогаш се соочив со првиот предизвик. Многу проекти, домашни задачи, работа, но и проширување на мојата фамилија – станав татко. Ништо од ова не дозволив да биде запоставено. Помалку спиење, добра организација на времето и не пропуштив ниту едно предавање. И не само тоа; ги завршив сите домашни, изградив портфолио од проекти и учествував на двата Хакатони. Сето ова бара откажување.

Не може да очекуваш промени кај себе доколку не излезеш од комфорт зоната и не почнеш да истражуваш непознати работи. Потребно е да сакаш да се подобриш и да се стремиш кон создавање на најдобрата верзија од тебе. Имав и неуспешни апликации за работа, но никогаш не се откажав. Не само што не се откажав, туку не престанав да си го подобрувам портфолиото. 

За да успееш треба да си спремен да вложиш во себе. Го сменив дури и начинот на кој ги користам социјалните мрежи. Behance ми стана новиот Instagram.

Денес, работам како Graphic Designer во Monks Agency и се надоградувам секој ден во својата нова професија. 

До следна соработка, 

Борче.


Избери го #1 образованието што вработува. Аплицирај на Brainster+ Академијата за графички дизајн и биди и ти дел од тие 2136+ студенти!



Од постоењето на Brainster досега се вработени повеќе од 2136 студенти, и бројот се зголемува ден за ден! Повеќе од 2136 успешни приказни, повеќе од 2136 променети животи!

Борче Пановски, алумни студент од Brainster+ Академијата за графички дизајн ни ја сподели неговата успешна кариерна трансформација од раководител на малопродажен објект до графички дизајнер во компанијата Monks Agency.

Со добра организација на своето време и притоа станувањето татко, со малку сон и многу желба, Борче успеа да ја оствари својата цел – да стане графички дизајнер.

За сите следни успешни кариерни промени!

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

11 Компании. 110 Студенти. 1000€ Ваучер.