4 победници во мини-натпревар за дизајнери во соработка со клиентот Младински Образовен Форум – МОФ 

Спој на новинарство и дизајн, беше остварен преку проектот „Активност на УСАИД за млади кои активно создаваат можности (USAID’s Youth Actively Create Opportunities Activity) “ на Младинскиот образовен форум (МОФ) во кој учествуваа студентите од Brainster Академијата за графички дизајн

20 млади беа ангажирани од страна на МОФ кои подготвија 4 истражувачки трудови за темите:

  • „Последиците од аерозагадување кај малолетни лица од високо загадени подрачја“
  • „Подготвеност на студентите да препознаат и пријават корупција“
  • „Користење ВИ во високото образование“
  • „Финансирањето и буџетирање на младите на национално и локално ниво во Република Северна Македонија“ 

Која всушност беше целта на овој мини – натпревар, во продолжение ни одговара нашиот клиент МОФ:

МОФ: Целта е да се создаде дизајн на 4 истражувања на горенаведените теми. Унифицираноста на дизајнот ќе биде со употреба на бои и/или фонтови во согласност со брендингот на активноста. Треба да се дизајнира насловната, страниците, табели/графикони и one-pager за промоција на истражувањето кој ќе содржи клучни точки од публикацијата и ќе служи за промоција, за споделување на состаноци и настани. 

Од овој мини-натпревар беа прогласени 4 победници, чии креативни решенија ги освоија симпатиите на клиентот. Тоа беа студентите: Андреј Петровски, Арменд Алими, Љубиша Ристески и Емилија Гроздановска. Нивен ментор беше Небојша Гелевски – Бане, од академијата за графички дизајн. Тој ги предава модулите Book Layout и Book Cover design, а менторската сесија со него, за студентите беше од вистинска корист, токму за овој проект. Какво искуство беше ова за нив и како се снајдоа во овој мини-натпревар ни откриваат самите тие.

Какво беше твоето искуство работејќи на ваков проект?

Андреј Петровски – Победнички дизајн за темата „Истражувачи за животна средина“ :

Целокупното искуство при дизајнирањето и конкурирањето за проектот беше доста возбудливо. Потребна е креативност, истражување на различни концепти, рафинирање на идеите и усогласување на визуелните елементи со суштината на истражувањето. Се чувствувам неверојатно почестен и благодарен што сум избран. Со нетрпение чекам да видам како дизајнот ќе резонира кај читателите и ќе го подобри нивното искуство со истражувањето.

Арменд Алими –  победнички дизајн за темата „Истражувачи за антикорупција“ :

Работата на овој проект беше неверојатно искуство, од кое излегов како победник. Mи се даде можност да ја покажам мојата експертиза во дизајнот. Фокусот на проектот на промовирање на транспарентност и отчетност ми се допадна и барањата од клиентот беа исполнети. Се чуствувам многу горд што бев избран за победник. Мило ми е, што добро изведен дизајн може да биде клуч во промовирањето на позитивни промени. Ова достигнување ме мотивира да продолжам да ги користам моите вештини за поддршка на иницијативи кои имаат за цел да се борат против корупцијата и да ја подобрат транспарентноста.


Местата се пополнети! Приклучи се на листата на чекање денес и ПРВ/А дознај доколку се отвори повторно можност за упис на Brainster+ Академијата за графички дизајн


Љубиша Ристески – победнички дизајн на темата  „Истражувачи за младинско учество“ :

Од неколку графички дизајнери беше побарано да изработиме насловна страница и внатрешни страни за истражување. За мене тоа беше голем предизвик, дадов сѐ од себе да ги задоволам барањата на клиентот, но и да оставам свој печат. Пред преставниците од МОФ ја презентирав мојата идеја и со нетрпение чекав одговор кој е избран да работи на проектот. Кога добив известување дека клиентот ќе соработува со мене, од тој момент почнав да размислувам, да цртам основни работи, кои први излегоа пред моите очи. Чувството дека си успеал, дека талентот и трудот некој ти ги цени е нешто што не може на кратко да се опише. Цртањето е талент кој го носам во себе уште од најмала возраст, тој талент ја разви љубовта кон графичкиот дизајн, а благодарение на Brainster и моите професори освен што многу научив, имам и голема самодоверба.

Емилија Гроздановска – победнички дизајн за темата  „Истражувачи за образование“ :

Моето искуство со работа на ваков проект беше исклучително предизвикувачко.  Целосниот процес беше инспиричаки, го збогати моето знаење и ми помогна да создадам поефективен и визуелно привлечен дизајн. Со моето искуство како јуниор дизајнер, се чувствувам навистина инспирирано што бев избрана како победник на истражување на тема образование и AI. За мене, ова е не само признание за мојата работа, туку и потврда на значењето на визуелната комуникација во пренесувањето на образовни концепти и идеи.