Љубиша Ристески е студент од Академијата за графички дизајн чие решение беше прогласено за победничко за клиентот Лаб Ансамбл. Со него направивме едно интервју во кое тој ни раскажа какво беше ова искуство за него, поддршката од менторите, кој беше најпредизвикувачки момент во работата и друго.
Што всушност е Лаб Ансамбл?
Клиентот Лаб Ансамбл организира настан каде се спојуваат талентираните души, настан каде што се креира музичка симфонија. Тоа е собиралиште на младите музички ентузијасти, аматери и професионалци во креативен и инспиративен амбиент.
Работата со клиентот Лаб Ансамбл беше вистинска прилика за студентите од Brainster Академијата за графички дизајн да ги покажат своите умешности на дело. Тие имаа за задача да креираат Brand Identity кој треба да биде претставителен за еден ваков креативен настан. Нивни ментори во овој реален проект беа Дијана Димитриевска, Александар Поповски и Александар Нофитовски.
Сите студенти изработија свои креативни решенија, меѓутоа решението на Љубиша Ристески беше она кое ги освои симпатиите на клиентот. Продолжи да читаш и дознај повеќе за тоа какво беше ова искуство за него.
Како се чувствува еден студент кој пред себе има задача да изработи цела проектна спецификација?
Кога првпат добив задача да изработам цела проектна спецификација, бев видно возбуден, имав чувство на голема одговорност, секако и одредена доза на страв од нешто толку комплексно. Тоа беше можност да го применам сето она што го имав научено и сакав да го дадам најдоброто од себе.
Која цел и какви барања имаше за задача да исполниш? Дали на почеток ти изгледаа предизвикувачки?
Целта беше да креирам бренд идентитет за музички настан кој ќе ги привлече младите и ќе ја рефлектира енергијата на настанот. Барањата вклучуваа дизајнирање на лого, илустрации, постери и целокупната визуелна стратегија. На почеток, се тоа изгледаше предизвикувачки, особено бидејќи требаше да се одржи конзистентност низ сите материјали, но со текот на времето задачата стануваше појасна.
Како поддршката од менторот ти помогна во процесот на изработка на овој проект?
Поддршката од менторите беше непроценлива. Имајќи три ментори низ целиот процес, добив различни перспективи и совети кои ми помогнаа да ги надминам тешкотиите на секој чекор. Секој од менторите донесе свои уникатни искуства и знаења, што ми помогнаа да го гледам проектот од повеќе агли и да најдам креативни решенија. Тие ми помогнаа да го разберам процесот чекор по чекор, секогаш беа тука за мене и ми ја даваа вистинската насока.
Доколку размислуваш за кариера во графички дизајн можеби сега е вистинската можност . Бреинстер заедно со 10 компании доделува 100 ваучери од 1000 евра за академиите. Аплицирај на Brainster Академијата за графички дизајн за твојот ваучер!
Кој дел ти беше најпредизвикувачки, вистински head scratcher, и што направи за да го надминеш?
Најпредизвикувачкиот дел беше да се одржи конзистентноста во стилот на илустрациите и логото. Бев загрижен дали различните елементи ќе се вклопат хармонично. За да го надминам тоа, потрошив време на истражување и скицирање различни идеи, се консултирав со менторите и колегите додека не го открив стилот кој функционираше за сè.
За крај, која вештина би ја издвоил како нешто ново со кое што се стекна?
Најголемата вештина која ја развив беше способноста за систематско размислување и организирање на целокупниот креативен процес. Научив како да ги разградувам големите задачи во помали, но успешни делови. Тоа ми помогна не само да го завршам проектот успешно, туку и во иднина ефикасно да работам.