Студентите од Академијата за графички дизајн имаа за цел да изработат дизајн на пакување и брендинг за клиентот ChiaDia. Меѓу многуте креативни и инспиративни решенија на студентите, креативноста на Надица Доневски и нејзините предлози се истакнаа како победнички во овој проект. 

Во продолжение разговараме со Надица за нејзините импресии од проектот и од Академијата:

Здраво Надица! Ти си една од студентите кои покажаа одлични перформанси и кои изработија многу интересни и креативни проекти. Најпрво, сподели ни нешто за себе!

Здраво, јас сум Надица Доневски, магистер по економски науки и ревизор со 10 години работно искуство. Силно го поддржувам концептот на доживотно учење, што е причина за моето активно учество во оваа академија. Верувам дека постојаното усовршување и развој се суштински за личен напредок и успешната кариера. Креативноста што ја изразувам е резултат на мојата желба да ги истражувам новите идеи и да ги применувам во мојата секојдневна работа.

Беше дел од едно незаборавно искуство каде што имаше задача да испорачаш едно креативно решение за клиентот Chia Dia. Раскажи ни повеќе за овој проект.

Без сомнение, целата постапка на изработка на дизајнерско решение за клиентот Chia Dia беше стимулативен предизвик и прекрасна можност за слободно и креативно изразување. Основната идеја зад проектот беше да се креира иновативно решение за пакување, со цел да привлече вниманието на целната публика – луѓето со здрави навики за исхрана и здрав начин на живот.

Процесот на дизајнирање беше пропратен со истражувачки напор, со што целта беше да се создаде атрактивно и функционално пакување за производот. Преку моето креативно изразување, целта беше да се постигне визуелна приказна која ќе го привлече интересот не само на таргет публиката, туку и на оние кои можеби не се фокусирани на здравата исхрана, поттикнувајќи ги да го разгледаат, поблиску испитаат и пробаат производот.

Возбудена сум од можноста да се вклучам во проекти како овој, каде што креативноста игра клучна улога во создавањето на уникатни и привлечни дизајни кои ги задоволуваат потребите на клиентот но и ги привлекуваат крајните корисници.

Како се одвиваше целата соработка?

Соработката со клиентот се одвиваше одлично и без никакви потешкотии. Сите инструкции и самата идеја зад проектот беа кристално јасни, што овозможи лесен и успешен развој на дизајнерско решение. 

Сепак одличната комуникација, јасните насоки и заeмното разбирање придонесоа кон создавањето на дизајнерско решение.

Како успеа да се соочиш со предизвиците, притисокот од рокови, а притоа да креираш едно вакво интересно решение? 

Соочувањето со предизвиците и притисокот од рокови беше вистински предизвик со оглед на секојдневните работни обврски, но со добро планирање и организација тоа го реализирав на време. 

Во првата фаза се фокусирав на истражување и анализа на конкурентните призводи со цел да ги разберам нивните дизајни, функционалности и успешни приказни. Преку ова истражување, ги идентификував слабостите и можностите на конкурентните производи, што пак послужи како основа за развој на поуспешен и уникатен дизајн но и произлезе идеја, зошто дизајнот треба да го издвои производот како нешто поразлично и повпечатливо од другите на пазарот.

За крај, како работата на реални проекти влијае врз вашите знаења и вештини? 

Работата на реални проекти е искуство кое на сите нас ни овозможи размена на знаења и искуства, но истовремено и го поттикна предизвикот да го дадеме најдоброто од себе. Во овие проекти не само што стекнавме практични вештини, туку и научивме како изгледа вистинската работна средина и како интеграцијата на стекнатите вештини може да има значаен придонес во успешното завршување на проектите. Ова искуство беше интензивно, но восхитувачко, бидејќи не само што развивме технички вештини, туку и ја подигнавме нашата креативност и иновативното размислување.

Соработката со професионалци, особено со менторите од Brainster, беше вистинско богатство на искуства. Менторите беа постојано тука за нас, обезбедувајќи не само техничка помош, туку и несебично нè советуваа и нè водеа низ целот процес. Воедно, тоа беше и знак на поддршка и мотивација која ја почувствувавме како студенти, создавајќи удобна и стимулативна работна атмосфера.

Направи ја посакуваната кариерна трансформација. Со новата Brainster+ Академија за графички дизајн за 0 денари ти обезбедуваме дополнителни 20 курса кои ќе те издвојат од конкуренцијата.

Аплицирај и искористи ги ПОСЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ од овој уписен рок да го добиеш Brainster+ пакетот за 0 денари.