Студентите од Академиите за дигитален маркетинг и графички дизајн, со заедничка соработка дојдоа до идеалното решение за визуелниот идентитет и маркетинг стратегијата на клиентот Grand Cru by Wine.mk.
Тимот 2 и тимот 7 беа оние чии решенија највеќе се истакнаа на овој хакатон.
Во продолжение, разговараме со нив за нивните впечатоци од хакатонот и за можноста за работа на реални проекти, како и сè она што го научиле преку хакатонот:
Здраво тим! Вие сте едни од студентите кои покажаа одлични перформанси и кои изработија многу интересни и креативни проекти. Најпрво, споделете ни нешто за себе.
Јас сум Сара и сум од група дигитален маркетинг. По професија сум банкар и работам повеќе од 3 години. Сакам да работам на нови проекти кои се иновативни и ми претставува предизвик секоја активност поврзана со проектите.
Јас сум Габриела Манова од група 21 Графички дизајн. Креативна личност сум и уживам во тоа што го работам. Сакам да се надградувам самата себеси и обожавам предизвици. Сето тоа ми е овозможено од Академијата за графички дизајн во Бреинстер.
Здраво, јас сум Лилјана Ризова студент на Академијата за дигитален маркетинг од група 39. Да се биде дел од оваа академија значи да си креативен, емпатичен и спремен да учиш нови работи секој ден, како и секојдневно запознавање со луѓе што се дел од дигиталниот свет. Како личност која што отсекогаш се борела за перфекционизам во секое поле, горда сум на она што го сработивме заедно со колегите од тимот. Ова е мојот прв хакатон и можам да кажам дека е прекрасно искуство.
Здраво, јас сум Теодора Додевска студент на Aкадемија за дигитален маркетинг од група 40. За себе би кажала дека сум многу амбициозна и одговорна личност и сè што правам, правам со голема љубов и посветеност. Хакатонот беше едно прекрасно искуство за мене и многу сум среќна што нашата тимска работа придонесе да дојдеме до победничко решение.
Голем поздрав за сите, моето име е Пеџа Радојевиќ од Сараево. Графички дизајнер, блогер, музичар, активист, маркетер, уредник, тренер итн. Моето професионално искуство од 20 години опфаќа работа во различни области, кои имаат една заедничка нота – креирање содржина, осмислување и спроведување на креативни кампањи. Во Brainster дојдов по препорака на пријател.
Здраво, јас сум Горан Билбилоски студент на Brainster насока – Дигитален маркетинг, со искуство во маркетинг, менаџирање на проекти и оперативен сектор во Retail. Моите вештини вклучуваат изградба на успешни маркетинг стратегии, менаџирање на Retail продавници и активно учество на 3 хакатони во организација на нашата академија Brainster. Со успех на наученото можев да придонесам во Content, Social Media, SEO и Google Ads кампањи на самите хакатони, носам со себе уникатна комбинација на креативност и стратешки преглед за постигнување на бизнис цели. Целта беше да се поврземе и да ги согледаме како нашите вештини можат да придонесат кон успехот на нашиот тим.
Здраво, јас сум Пенита Арсова член на тимот на графички дизајн. Креативна и амбициозна личност, со изобилство на идеи од секојдневните разноразни случувања околу нас, желба за илустративен приказ на веќе замисленото и секогаш со нови идеи за нешто ново, невидено, непостоечко, а корисно. Иако претходно не поседував професионално искуство, за многу кратко време се стекнав со многу знаење, нови вештини и техники со помош на едукативната програма на Brainster.
Маја: Банкарски комерцијалист со пет годишно работно искуство, со одлична организациска способност и постојана желба за нови предизвици и напредок. Комуникативна, креативна со позитивен став и лесно прилагодлива за работа во тим.
Цветанка: Административен работник, студент на Бреинстер Академијата за дигитален маркетинг. Моето искуство во Бреинстер ме опреми со алатки за креативно мислење, аналитички вештини и посветеност кон тимски успех, кои со креативноста ми овозможуваат да презентирам и да споделувам концепти кои резонираат со современите трендови и потребитe на пазарот.
Здраво јас сум Мери и сум дел од Академијата за графички дизајн. Секогаш подготвена да научам нешто ново, голем љубител на креативни работи и предизвици се запишав на академијата со цел професионална трансформација. Ова е првиот хакатон на кој имав можност да учествувам и задоволството е огромно да се биде дел од тимот кој го даде победничкото решение.
Бевте дел од едно незаборавно искуство каде што имавте задача во рок од 48 часа да испорачате предлог решение за Камник. Раскажете ни повеќе за овој проект.
Тимската работа ми е јака страна, па со оглед на тоа немав потешкотии. Работата течеше интензивно, но секако имаше и пречки кои во најбрз временски период беа решени точно поради добрата комуникација и тимските вибрации. Напнатоста беше на минимум, но стресот да се стигне се во тие 48 часа беше видлив. Успеавме и навистина сум изненадена дека времетраењето на нештата зависи од тоа колку сакате да се посветите на зададените задачи. Искуството е предобро, тимот ќе го паметам како тим кој секој би посакал да го има, барем на 48 часа.
Која беше идејата зад тој проект и целта што требаше да се постигне?
Идејата беше да се изготви кампања за Гранд Гру за Камник, која опфаќа мисија и визија, слоган, сегментација на публика, лендинг страни, кампања, контент за кампањи, АИДА модел, Герила маркетинг… Исто така и израборка на цел бренд идентитет. Целосен професионKamален проект.
Од каде ја црпевте инспирацијата?
Инспирацијата на нашиот тим произлегува од комбинација на практични искуства, соработка, иновации, учење од експерти и прифаќање на креативност во различни облици.
Како се одвиваше целата соработка и кои беа барањата од страна на клиентот?
Клиентите имаа зададено прецизни точки и објаснето што и како сакаат. Со помош на менторските средби доловивме крајни резултати кои останаа запаметени за сите од нас. Клиентите беа и повеќе од задоволни, што може да се примети и од резултатот на победничкиот дух кој го добивме. Среќна сум што бев дел од ваков проект, и горда на успехот што го постигнавме како тим. Се надевам секоја следна соработка и проект дека ќе донесат резулати барем колку овој проект.
Што научивте од оваа соработка?
Динамика на еден тим, комуникација, прилагодливост, лидерство, почит кон различни погледи, решавање на конфликти. Соработката нè научи на овие бесценети учења, го збогати нашето професионално патешествие и го обликува нашиот пристап кон тимска работа и постигнување на заеднички успех.
За крај, како работата на реални проекти влијае врз вашите знаења и вештини?
Работата на реални проекти ги подобрува вештините и знаењата: преку практична примена, развој на вештини, изградба на доверба, учење од грешките, непрекинат процес на учење. Реалните проекти даваат стимул и искуство потребни за успех во сопствената професинална област.