Запознај ја Надица Доневски – Dream Team студент на Академијата за графички дизајн за месец јануари 2024.
Име и презиме: Надица Доневски
По професија: Ревизор
Академија: Академија за графички дизајн
Зошто баш оваа област: Затоа што графичкиот дизајн претставува предизвик за подигнање на креативноста и иновативното размислување, како и креативно изразување и комуникација на идеи.
Што те мотивира постојано да учиш: Постојаното учење е мој стимул за раст и адаптација. Амбициите и посветеноста ме водат кон лично напредување. Ја поттикнува мојата љубопитност и ми дава шанса да се прилагодам на светот кој е во постојан развој. Континуираното учење го гледам како движечка сила зад мојот стремеж кон личен и професионален развој.
Најинтересната работа што ја имаш научено на Академијата: Најинтересен дел од Aкадемијата за мене беше искуството кое го стекнавме во однос на работа на реални проекти за клиенти. Во овие проекти, не само што стекнавме практични вештини, туку и научивме како изгледа вистинската работна средина и како интеграцијата на стекнатите вештини може да има значаен придонес во успешното завршување на проектите. Ова искуство беше интензивно, но восхитувачко, бидејќи не само што развивме технички вештини, туку и ја подигнавме нашата креативност и иновативното размислување.
Соработката со професионалци, особено со менторите од Brainster, беше вистинско богатство на искуства. Менторите беа постојано тука за нас, обезбедувајќи не само техничка помош, туку и несебично не советуваа и не водеа низ целот процес.
Омилен модул и зошто: Омилен модул на Академијата за мене беше “Visual Layouts” поради тоа што овој модул се занимава со уредување на визуелните елементи на страницата. Овој модул ме научи за различните аспекти на композицијата, балансот на дизајнот и употребата на бои, што ми овозможи да креирам визуелно впечатливи и ефективни дизајни. Инструкторот Небојша Гелевски – Бане извонредно ни пренесе многу корисни вештини, знаења и примери за како не треба 🙂
Кој инструктор ти остави најголем впечаток: Тешко е да изберам само еден инструктор, бидејќи секој од нив донесе уникатен пристап и стил на обучување.
Но, ако морам да издвојам еден инструктор кој ми остави најголем впечаток тоа би бил Бане, поради неговото несебично пренесување на знаење и неговата извонредна достапност како инструктор беа нешто што го издвои од другите. Неговиот пристап кон темите беше иновативен и инспиративен, преку различни практични примери и студиски случаи.
За 5 години сакам да бидам: Како ревизор, со помош на графичкиот дизајн, сакам да создадам визуелни решенија кои ќе ги трансформираат комплексните податоци во јасни и лесно разбирливи визуелни приказни.
Хоби: Гледање филмови, планинарење, скијање …
Омилена книга: Рингишпил од Јелена Бачиќ Алимпиќ
Омилен цитат: “Believe you can and you’re halfway there.”
Подготви се за твојата кариера од соништата учејќи од експерти со интернационално искуство. Со Brainster+ отсега на нашите академии ти нудиме плус 20 курса со напредни технички вештини, вештини за вработување и AI вештини, за поголема предност на пазарот на трудот.