Запознај го Филип Цветков – Dream Team студент на Академијата за графички дизајн за април 2024.

Мојата позадина е…

Дипломиран економист со фокус на маркетинг и организатор на културни настани и манифестации.

Областа ја избрав затоа што…

Љубовта кон уметноста ми е присутна уште од мали нозе. Секогаш сум се чуствувал многу среќен и исполнет откако нешто креативно ќе создадам и сум имал навика редовно како хоби да си работам на нешто за лично задоволство. Пa така се одлучив таа страст да ја преточам во кариера.

Највредната лекција која ја научив досега на академијата е…

Иако беше само едно предавање, дизајн студио со Клелија Живковиќ, научив како да си ја ослободам креативноста на начин што би нашол златна средина помеѓу играње со истата и практично решавање на проблем.

Најгорд сум на…

Истакнувањето на моето решението за каталог, како проектна задача на модулот за Indesign, каде за првпат целосно мои илустрации употребив во дизајнот.

Мојот омилен модул е…

After effects, бидејќи ми беше најголем предизвик и доста тешко ми одеше но, научив дека можностите што ти ги нуди програмата се неверојатно интересни и неограничени и тоа ми го задржа интересот. 

Инструкторот кој најпозитивно влијаеше на мене е…

Александар Поповски, кој педантно, прецизно и темелно ни предаде два многу важни модули, Illustrator и Аfter Effects, и поради тоа чувствувам дека имам цврсти основи во двете програми.

Академијата досега ми има помогнато во моите кариерни планови и цели така што…

Ми даде одлична насока како да ги усовршувам моите вештини со цел на специфичен начин да се развијам како дизајнер подготвен за почеток на кариера во тоа поле.

Мојот совет до идните студенти на Brainster…

Секој ден да се прави некаква активност со што учиш нешто ново или дополнуваш на темите што се зборувале на предавањата. Тоа може да биде половина час експериментирање со некој од програмите, читање неколку страни од книга за дизајн или пак пребарување на светски реномирани дизајнери на интернет.


Местата се пополнети! Приклучи се на листата на чекање денес и ПРВ/А дознај доколку се отвори повторно можност за упис на Brainster+ Академијата за графички дизајн

 


Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

10 Компании. 100 Студенти. 1000€ Ваучер.