Aрменд Алими – Dream Team студент на Академијата за графички дизајн за месец февруари 2024

Запознај го Aрменд Алими –  Dream Team студент на Академијата за графички дизајн за месец февруари 2024.

Име и презиме: Aрменд Алими

По професија: Дипломиран Економист/Фотограф

Академија: Академија за графички дизајн

Зошто баш оваа област: Заради можноста која графичкиот дизајн ја дава за креативен израз, кариерните можности, и ефективно комуницирање на пораки преку дизајн.

Што те мотивира постојано да учиш: Mе мотивира страста кон креативноста и визуелната комуникација. Секогаш сум со желба да ги зголемам своите вештини, да истражувам нови техники и да бидам во тек со трендовите во дизајнот и фотографијата. Просто речено, љубовта кон добар дизајн ме води непрекинато да се развивам како дизајнер.

Најинтересната работа што ја имаш научено на Академијата: Најинтересната работа што ја имам научено е како да се менаџира креирање на дизајн за реален клиент. Од разбирање на брифот, одлучување на типографија, бои и layout и други елементи, се до креирање на финален дизајн; цел тој процес ми беше навистина најинтересен. Помошта, професионалноста и несебичноста на менторите ми помогнаа во креирање на дизајн на кој сум горд и кој дефинитвно оди на прво место во моето портфолио.

Омилен модул и зошто: Сите модули што сум ги поминал до сега биле навистина многу интересни и едукативни за мене, но, како омилен модул би рекол дека ми е Фотошоп. 
Како фотограф секојдневно се соочувам со моменти каде треба да играм со бои, прикриам/додадам елемент-два но никокаш не сум се осмелил на манипулирање на фотографиите. Потенцијалот кој може да се достигне е бескраен, можностите на слобода на креативен израз исто така; откривањето на ова чуство ми прави да досега ми е омилен модул.

Кој инструктор ти остави најголем впечаток: Сите инструктори несебично и креативно го пренесуваат знаењето на нас. Тешко е да се избере еден, но, ако мора да се избере тоа би бил Бане. Ентузијазмот, посветеноста и залагањето за да го добиеме тоа што ни треба како идни дизајнери го разликува како ментор.

За 5 години сакам да бидам: За пет години се гледам како професионален дизајнер, креативно да придонесувам на проекти кои ме инспирираат. Се надевам дека ќе работам во динамична и колаборативна околина каде што ќе можам да придонесувам во креативно решавање на проблеми. Целта ми е да бидам препознаен за својата креативност, професионализам и посветеност кон графичкиот дизајн.

Хоби: Фотографирање, собирање на уникатни растенија и специјални прошетки за изгрејсонце и зајдисонце.

Омилена книга: The Secret – Rhonda Byrne

Омилен цитат: Aut viam inveniam aut faciam. (Either I will find a way, or create one.)

Направи ја посакуваната кариерна трансформација. Со новата Brainster+ Академија за графички дизајн за 0 денари ти обезбедуваме дополнителни 20 курса кои ќе те издвојат од конкуренцијата.

Аплицирај и искористи ги ПОСЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ од овој уписен рок да го добиеш Brainster+ пакетот за 0 денари.

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

11 Компании. 110 Студенти. 1000€ Ваучер.