Новото засилување во дизајн тимот на Brainster e креативната и емпатичната Ангела Угревска. По завршувањето на Академијата за графички дизајн, беше на неколку месечна пракса кај нас, а сега веќе работи како junior graphic designer во нашиот тим.
Прочитајте што ни сподели Ангела за нејзиното досегашно искуство и нејзината улога во нашиот дизајн тим.
Како би можеле да те претставиме на читателите – Која е Ангела?
Ангела е дипломиран психолог, моментално графички дизајнер во Brainster. Пред да се насочам кон дизајн, работев како персонален асистент на дете со аутизам, а исто така волонтирав во СОС Детско село.
Љубител сум на уметноста, сакам да цртам и сликам, а слободното време сакам да го поминувам со пријателите, возејќи точак. Втора љубов ми е музиката – постојано слушам музика, голем дел од инспирацијата при дизајнирање ја влечам од неа. Пред почетокот на пандемијата редовно посетував концерти и музички фестивали.
Ти беше наш студент на Академијата за графички дизајн. Како ни дојде во Brainster?
Пред да одлучам да се запишам на Академијата во Brainster, јас веќе имав започнато да истражувам и да учам во областа на графичкиот дизајн. Теоретскиот дел ми беше познат, но сфатив дека ми недостига „feedback“ од страна на ментор, некој кој ќе ме насочи и ќе ми ги посочи грешките. Така започнав да ги разгледувам Академиите за дизајн. Brainster ме привлече најмногу со својот визуелен идентитет, бев сигурна дека позади нивниот дизајн стојат одлични дизајнери од кои би сакала да учам, но сепак главниот виновник да ја донесам оваа одлука беше мојата другарка, која неколку часови пред крајот на уписниот рок ме убеди да се пријавам. Јелена – thank you !
Зошто баш графички дизајн?
Уште од мали нозе постојано цртам, правам честитки, подоцна и „scrapbooks“, „exploding boxes“. Креативното изразување за мене претставувa големо задоволство и сфатив дека најсоодветна професија за мене е онаа која ќе ми овозможи да ја задоволам мојата потреба. Графичкиот дизајн изгледаше како совршениот избор.
Својата кариера како графички дизајнер ја започна токму во Brainster. Раскажи ни го твоето кариерно патување.
Да, токму така, некое време по завршувањето на Академијата за графички дизајн добив повик од Весна, нашиот student success manager, таа ме извести дека од дизајн тимот ме избрале да започнам со пракса кај нив во Brainster. Бескрајно сум благодарна на Весна што придонесе моето портфолио да се најде во рацете на дизајн тимот.
За време на праксата научив премногу, а тоа се должи на прекрасните колеги и предобри дизајнери: Диди, Серџо и Кире, кои ми помогнаа да доживеам една голема трансформација и да станам многу подобар дизајнер за толку кратко време.
После 3 месеци на практикантска позиција, стигнав до „Junior Graphic Designer“ позиција и сега сум дел од дизајн тимот на Brainster.
Како изгледа еден работен ден на еден графички дизајнер? Кои се твоите главни задачи и обврски?
Денот ми започнува во 9:00 часот наутро со едно добро кафе. Секој ден е различен, имам денови во кои „пливам“ во обврски, но има и такви каде што можам да земам здив.
Како Junior Graphic Designer, главни задачи на кои работам се: изработка на дизајн за продажни постови за социјални медиуми, како и разни адаптации на постоечките дизајни за потребите на маркетинг активностите на Brainster.
Секогаш пред да ја пратам финалната верзија од дизајнот до маркетинг тимот, се консултирам со другите колеги од дизајн тимот, заедно дискутираме за дизајнот, правам корекции доколку има потреба од тоа и потоа го доставувам до маркетинг тимот.
Опиши ни ја атмосферата во дизајн тимот.
Поради моменталната состојба со пандемијата, главно нашата комуникација се одвива онлајн, состаноците што ги имаме на Zoom се нешто најблиску до тоа како би изледала работната атмосфера во канцеларија, но и покрај ограничувањата морам да кажам дека одлично функционираме, супер сме организирани, си помагаме, споделуваме знаење и заедно се развиваме.
Кој е најголемиот предизвик со којшто се имаш соочено до сега? Која е тајната за надминување на предизвиците?
Најголем предизвик дефинитивно ми беше финалниот проект веднаш по завршувањето на предавањата од Академијата. Соработката со реален клиент, нудење соодветно решение според нивните потреби и барања, да се биде креативен во толку тесни граници, како и соодветно презентирање на мојата идеја пред нив за мене претставуваше голем предизвик кој сметам дека многу успешно го надминав. Она што најмногу ми помогна во тоа е тоа што си дозволив да излезам од комфорт зоната и што верував во себе.
Омилен модул и зошто?
Постер дизајн дефинитивно! На овој модул имавме прекрасен ментор кој ни пренесе премногу знаења, човек кој „нема влакна на јазикот”, секогаш спремен со конструктивна критика за нашите дизајни. Дури сега сфаќам колку многу ми помогнаа вежбите од тој модул за мојата нова работа како дизајнер. И секако, мојот омилен проект е финалната вежба од овој модул, постер за „Skopje Jazz Festival“.
Најбитна лекција што ја научи на Академијата за графички дизајн?
Кога работиш со многу љубов, труд и вложување -сѐ е возможно!
За крај – твој совет до сите оние коишто размислуваат за кариерна промена во насока на графички дизајн?
Никогаш не е доцна за кариерна промена. Верувајте во себе, не се плашете од промената и не размислувајте. Just do it !
На Академијата за графички дизајн учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.
Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!
Уписите се во тек, резервирај го своето место на време!
Биди дел од иднината и соработувај со Brainster преку платформата за иновација.
Имаш потреба од талентиран кадар за твојата компанија? Вработи студент преку нашата платформа