До Brainster,
Прифати го и соочи се со фактот дека учењето на нови нешта е процес којшто никогаш не завршува.
Како човек кој е љубопитен, сака да решава проблеми и е креативен, сфатив дека мојата кариера заслужува надоградување – трансформација. Во тој период бев соочен со носење на значајна одлука од професионален аспект, што би сакал да работам понатаму и во која насока да се движам. Дефинитивно моите аналитички вештини и дотогаш стекнатото теоретско знаење како демонстратор на факултет беа предуслов за учење на нови концепти и алатки од областа на Data Science.
Oткако се запишав на Brainster+ Академијата за Data Science, се соочив и со поголеми предизвици и континуирано учење на нови теоретски концепти, но и нивна постојана практична примена. Бидејќи бев вработен за време на академијата, посветував околу 8 до 10 часa во текот на работната недела и околу 10 до 12 часови за време на викендот. Тоа значеше деприоритизирање на моите хобија, немање толку слободно време и многу помалку дружби (секако за одреден временски период).
Благодарение на мојата љубопитност, креативност, желбата за решавање на проблеми овој предизвик навистина се исплатеше. Огромно влијание имаа и вештините кои ги стекнав, знаењето, начинот на размислување, следењето на трендовите на пазарот на трудот и развојот на технологијата, за денес да сум DWH Analyst во Quipu GmbH.
Се читаме со уште многу успешни приказни,
Методи.
Избери го #1 образованието што вработува. Аплицирај на Brainster+ Академијата за Full-stack програмирање и биди и ти дел од тие 2136+ студенти!
Од постоењето на Brainster досега се вработени повеќе од 2136 студенти, и бројот се зголемува ден за ден! Повеќе од 2136 успешни приказни, повеќе од 2136 променети животи!
Методи Ковачевски, алумни студент од Brainster+ Академијата за Data Science ја направи својата промена од демонстратор на факултет до DHW Analyst во Quipu GmbH.
Благодарение на неговата упорност и решителност иако бил full-time вработен, успева да ја изучи Data Science академијата и притоа да биде демонстратор на факултетот. Иако тоа вклучува и по 10-12 часа работа и вежбање на задачите, Методи вели дека воопшто не жали за неговиот избор.
За сите следни успешни кариерни промени!