Запознај го Никола Панев – Dream Team студент на Академијата за Data Science за мај 2024.
Мојата позадина е…
Мојата образовна позадина е во финансиски менаџмент. По завршување на студиите во Македонија се преселив во Минхен, каде што работам во консалтинг фирма, фокусирајќи се на банкарскиот сектор. Ова ми дава одлична основа за разбирањето на сложените податоци и нивната важност во донесувањето на деловни одлуки.
Областа ја избрав затоа што…
Брзите технолошки промени и анализaта на податоци беа мојата инспирација. Дополнително бев заинтересиран и за донесувањето на одлуки и решавањето на реални проблеми , беа причина да ги продлабочам моите знаења во делот на Data Science.
Највредната лекција која ја научив досега на академијата е…
Научив дека упорноста и континуираната едукација се клучни за успех во Data Science. Сепак, во оваа област секогаш има нови техники и алатки кои треба да се совладаат, и токму оваа динамична природа е она што ја прави областа Data Science возбудлива и предизвикувачка.
Најгорд сум на…
Досегашните постигнувања и разбирањето на научените модули. Комбинацијата на теоретско знаење и практични вештини ми помага да се подготвам за идните предизвици во мојата кариера. Освен тоа, ова ми дава самодоверба и мотивација да продолжам да учам и да се усовршувам во областа на Data Science.
Мојот омилен модул е…
Тешко е да издвојам еден омилен модул. Интересно е да се види како сите делови се спојуваат за да формираат кохерентна целина – како да конструираш сложена машина каде секој дел, од SQL, Data Warehouse, сѐ до машинско учење, се вклопува совршено за да создаде моќен механизам на сознанија.
Инструкторот кој најпозитивно влијаеше на мене е…
Сите инструктори кои ги имав до сега, се и беа многу компетентни, со длабоко разбирање и практично знаење во материјата која ја предаваат. Не би можел да издвојам само еден инструктор. Секој од нив успеа да ме воведе во нови работи и проблеми, со кои за прв пат се соочив, да ми ги доближат на начин да ја разберам нивната позадина и примена.
Академијата досега ми има помогнато во моите кариерни планови и цели така што…
Со самото учење на нови работи во делот на SQL, Data визуализирање со PowerBi, програмирање со Python или модулот за машинско учење, ми се отвараат нови хоризонти за примена во секојдневната работа. Тоа ми овозможува да пружам значаен дополнителен придонес не само во компанијата каде што работам, туку и кон клиентите со кои соработуваме.
Мојот совет до идните студенти на Brainster…
На идните студенти би им препорачал да бидат отворени за учење, да дадат сѐ од себе и да го искористат максимално времето и ресурсите што им се на располагање. И, секако да не се плашат да поставуваат прашања и да бараат помош.