Запознај ја Мери Делева – Dream Team студент на Академијата за Data Science за јуни 2024.  

Мојата позадина е…

По професија сум професор по Англиски јазик, но работам во логистика за Американски пазар од 2017-та година. 

Областа ја избрав затоа што…

Искрено, повеќе нешта ме инспирираа за да ја одберам оваа област, а најмногу фактот дека оваа професија е најсоодветна за мене и мојот карактер. Со оваа област, знам дека сум на мојот вистински професионален пат. Одлично се поклопуваме.

Највредната лекција која ја научив досега на академијата е…

Животна лекција што по пат ја научив на академијата досега е дека човек мора да биде упорен, истраен и секогаш отворен за нови знаења бидејќи и самата област е доста динамична. Оваа област баш ја потврдува поговорката „Човекот учи додека е жив”. 

Најгорда сум на…

Горда сум на сѐ, од тоа со каква леснотија и разбирање го совладувам секој материјал којшто го изучуваме на модулите, до практичното претставување на наученото на работилниците и подготвеноста за идните предизвици. 

Мојот омилен модул е…

Можеби ќе звучи нереално, но секој модул ми е омилен. Сите модули придонесуваат за формирање на големата слика и навистина не се може без некој модул. Можам да кажам дека за првпат го учам тоа што навистина го сакам и ми лежи, и секој модул ми е интересен и возбудлив.

Инструкторот кој најпозитивно влијаеше на мене е…

Навистина не би можела да одвојам само еден инструктор бидејќи секој од нив несебично го пренесува своето знаење и искуство, а притоа се трпеливи и полни со разбирање. Од сите нив досега имам научено многу вредни работи не само за материјалот што го предаваат туку и за day-to-day предизвици и best practices за најбрзо, најпрофесионално да се реши некој предизвик. 

Академијата досега ми има помогнато во моите кариерни планови и цели така што…

Имам толку многу планови и цели за во иднина, што едвај чекам да ги остварам сите еден по еден и да ги споделам со сите вас, а притоа и да инспирирам и мотивирам многу идни студенти по Data Science!

Мојот совет до идните студенти на Brainster…

На идните студенти би им препорачала да бидат отворени за учење и да не се плашат од материјалот. Знам дека изгледа застрашувачки, но со одличната селекција на инструктори што ги има Brainster – сѐ е полесно. 


Местата се пополнети! Приклучи се на листата на чекање денес и ПРВ/А дознај доколку се отвори повторно можност за упис на Brainster+ Академијата за Data science