Запознај го Дејан Десподов – Dream Team студент на Академијата за Data Science за месец октомври 2023.
Име и презиме: Дејан Десподов
По професија: Логистика
Академија: Академија за Data Science
Зошто баш оваа област: Затоа што имам голема желба да обработувам, структурирам и анализирам податоци и верувам дека податоците испишуваат на некој начин историја и предвидуваат иднина.
Што те мотивира постојано да учиш: Ме мотивира самата желба за учење и колку подлабоко навлегувам во оваа област, толку е и повозбудлива и поинтересна.
Најинтересната работа што ја имаш научено на Академијата: Мислам дека многу интересни работи научив досега од првите два модули и дека има уште многу за учење и од преостанатите модули кои допрва треба да стартуваат.
Омилен модул и зошто: Кога се запишав на Академијата немав точна претстава како изгледа и што точно најмногу ќе ме интересира, но како поминува времето и како навлегуваме сè подлабоко голем впечаток ми остави SQL, затоа што на некој начин игра клучна улога во обработување и структуирање податоци. Сепак, допрва треба да почнеме со Python за кој исто така имам голема желба да го научам.
Кој инструктор ти остави најголем впечаток: За инструкторите имам единствено само пофални зборови. Тие се големи професионалци со повеќегодишно искуство од кои научив и допрва треба да учам многу работи. Најважно од сè имаат трпение и за нив не постои „ГЛУПАВО ПРАШАЊЕ“ . Досега сите ми оставија многу добар впечаток, а верувам дека така ќе биде и на следните модули.
За 5 години сакам да бидам: По завршување на Академијата сакам што поскоро да влезам професионално во оваа област.
Хоби: Фитнес и фудбал
Омилена книга: The Call of the Wild – Jack London
Омилен цитат: “The way to get started is to quit talking and begin doing.“
Направи чекор кон високоплатена кариера и придружи се на Brainster заедницата од 11.500 студенти. Аплицирај сега и искористи поволни услови за плаќање од 90€ рата без камата!
На Академијата за Data Science учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.
Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!