Запознајте ја Теодора Трајкова – Dream Team студент на Академијата за Data Science за месец октомври 2021.

 

Име и презиме: Теодора Трајкова

По професија: Прехранбен Инженер – Технолог

Академија: Академија за Data Science

Зошто баш Data Science: Бидејќи областа е совршена комбинација на програмирање, математика и статистика којашто ни дозволува подобро да ги запознаеме податоците и да извадиме соодветни заклучоци од истите со цел полесно решавање на некој проблем или подобрување на процесот на работа.

Што те мотивира постојано да учиш: Континуираното учење за мене претставува не само карактерна особина туку и кариерен предизвик.

Најинтересната работа што ја имаш научено на Академијата: За мене сите работи кои до сега ги имаме научено се интересни, но најмногу би ги издвоила SQL и Python.

Омилен модул: SQL и Python бидејќи од досегашното искуство можев лесно да се прилагодам на поставените предизвици.

Инструктор што ти остави најголем впечаток: Сите инструктори се одлични и имаат огромно знаење во своите области, поради тоа не би можела да издвојам конкретен инструктор. Сите се потрудија максимално да ги направат часовите интересни и да пренесат што е можно повеќе знаење.

За 5 години сакам да бидам: одличен Business Analyst.

Хоби: Латино танци

Омилена книга: Серијалите Harry Potter и Game of Thrones.

Омилен цитат: “It is only with the heart that one can see rightly; what is essential is invisible to the eye.” 

 

Уписите за следната група на Академијата за Data Science се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!