Запознај ја Весна Поп-Димитријоска – Dream Team студент на Академијата за Data Science за месец мај 2023.
Име и презиме: Весна Поп-Димитријоска
По професија: Дипломиран метеоролог и магистер по форензичка физика, во моментов работам Digital Marketing, со надеж за кариерна промена во блиска иднина.
Академија: Академија за Data Science
Зошто баш оваа област: „Ordo Ab Chao” – Order from Chaos. Моќта од привидниот хаос да се согледа редот и да се извлечат заклучоци. Можноста што ја нуди оваа наука, да се открие она најскриеното и невидливото за сите други. Уште повеќе што е интердисциплинарна наука која комбинира во себе сѐ што сакам: математика, статистика, програмирање, наука, нови технологии и примена на моето долгогодишно работно искуство од повеќе различни индустрии.
Што те мотивира постојано да учиш: Постојаната желба за континуиран личен и професионален развој, можностa за приспособливост во овој свет на брзи промени, интелектуална стимулација, љубопитност и желба за себенадминување.
Најинтересната работа што ја имаш научено на Академијата: Не би можела да издвојам само една работа, па ќе набројам повеќе. Во Python би ги издвоила работењето со NumPy, Pandas и други одлични библиотеки за математика, ER моделирање, DWH моделирање и ETL процеси во SQL, дефинирањето на KPI и најразлични начини на визуелизација и интеракција со податоците во Power BI.
Омилен модул и зошто: Секој модул е интересен и те води на едно ново ниво. Она што ме остави подолго без сон е дефинитивно проектот за Power BI. Проектот претставуваше работа за еден хипотетички клиент кој првично започнавме да го развиваме на модулите за SQL и DWH и го надградувавме до едно Power BI решение. На овој начин направивме една детална анализа за работењето на „клиентот“ преку моделирање на KPI за соодветната индустрија и визуелна конверзија на податоците во клучни показатели за успешноста на „компанијата“.
Кој инструктор ти остави најголем впечаток: Не би можела да издвојам, затоа што сите инструктори ги доживеав како експерти и вистински професионалци во областа. Посветени и со многу сериозен пристап кон Aкадемијата. Несебични во споделување на најдобрите практики од областа и пред сѐ достапни за помош во секое време.
За 5 години сакам да бидам: Data Science Ninja 😊
Хоби: Пилатес, трчање, возење велосипед. Сакам да гледам добри мистерии и Sci-Fi филмови. Ultimate Star Trek fan 🖖
Омилена книга: Вкусот ми варира од добри мистерии како „Origin на Dan Brown“, книги за self improvement како „How to win friends and influence people“ на Dale Carnegie, па сѐ до детски сликовници, од кои омилена ми е „Јас“ на Филип Вехтер.
Омилен цитат: “Stay hungry. Stay foolish.”
Уписите за следната група на Академијата за Data Science се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!
Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!
