Христијан Аризанов –  Dream Team студент на Академијата за Data Science

Запознај го Христијан Аризанов – Dream Team студент на Академијата за Data Science за месец јануари 2024.

Име и презиме: Христијан Аризанов

По професија: Машински инженер

Академија: Академија за Data Science

Зошто баш оваа област: Затоа што сметам дека е професија на иднината. Хаосот од информации во денешно време е се поголем, а со оваа наука го намалуваме. Со помош на математика, програмирање и визуелизација им даваме смисол на тие информации.

Што те мотивира постојано да учиш: Јас по природа сакам да сум во тек со нови технологии, а за да си во тек мора постојано да учиш. Најголема мотивација ми е да научам Machine Learning каде ќе ја поврзам со мојата професија – мехатроника.

Најинтересната работа што ја имаш научено на Академијата: Досега најинтересната работа што ја имам научено е програмирањето во Python, со pandas и numpy библиотеките.

Омилен модул и зошто: Тешко се одлучувам за омилено, сите модули досега ми беа нови, а штом се нови мене ми се омилени.

Кој инструктор ти остави најголем впечаток: Најголем впечаток ми остави инструкторот по SQL Марјан Пушев со неговото искуство во таа област и тоа како го пренесува истото на нас. Секако, и другите инструктори се одлични.

За 5 години сакам да бидам: Одличен Data Scientist.

Хоби: Кошарка, но, имам се помалку слободно време, па затоа повеќе гледам филмови и серии.

Омилена книга: Одамна не сум се посветил на читање книги, па затоа не можам да се сетам на омилена книга.

Омилен цитат: Repetitio mater studiorum est – Повторувањето е мајка на знаењето.

Подготви се за твојата кариера од соништата учејќи од експерти со интернационално искуство. Со Brainster+ отсега на нашите академии ти нудиме плус 20 курса со напредни технички вештини, вештини за вработување и AI вештини, за поголема предност на пазарот на трудот.

📢 Аплицирај сега и искористи ги ПОСЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ од овој уписен рок за да го добиеш Brainster+ пакетот за 0 денари!

Аплицирањето за ваучер заврши!