Фани Јаќимовска – Dream Team студент на Академијата за Data Science

Запознај ја Фани Јаќимовска – Dream Team студент на Академијата за Data Science за месец декември 2023.

 

Име и презиме: Фани Јаќимовска

По професија: Професор 

Академија: Академија за Data Science

Зошто баш оваа област: Се одлучив за оваа област, затоа што Data Science вклучува многу различни вештини, вклучувајќи програмирање, статистика, машинско учење и визуелизација на податоци. Со сите овие вештини можеме да правиме анализа на податоци со цел да добиеме длабоко сознавање за информациите и шемите што се скриени во податоците, да решаваме проблеми со креирање на алгоритми и модели што ќе решат реални предизвици и кои можат да доведат до иновации во различни области, како здравство, економија, маркетинг и др. И се надевам дека со мојот придонес, можам да придонесам кон подобрување на различни аспекти на општеството.

Што те мотивира постојано да учиш: Многу работи ме мотивираат и од сите тие би наброила неколку: желба за личен и професионален напредок и развој, желба за кариерен напредок и нови можности и предизвици, потребата за адаптација во овој свет на брзи промени и сето ова пропратено со личното задоволство дека учам нешто што ме привлекува и ми е интересно, и кога ќе се реши проблемот чувството на самопочит и задоволство кој се јавува кај мене.

Најинтересната работа што ја имаш научено на Академијата: Сите модули беа интересни и имаше што да се научи, пример: на модулот SQL процедурите, на модулот DWH Load и Incremental Procedures, на модулот Power BI Dax Measures, на модулот Python сè ми беше интересно, посебно широкиот спектар на библиотеки и модули за различни области, на модулот математика и статистика Probability.

Омилен модул и зошто: Досега сите модули што доаѓаат ми се сè поинтересни и затоа Python и математика и статистика, како последни досега ми се омилени. А и бидејќи се надевам дека постојано ќе ги користам во иднина.

Кој инструктор ти остави најголем впечаток: Сите инструктори што ни предаваа досега беа стручни и го дадоа максимумот да ни го пренесат своето знаење. Голема благодарност до сите нив. А доколку треба да одберам, би ги спомнала Иван Гочев кој ни предаваше Python и Филип Михов кој ни предаваше математика и статистика, затоа што тие беа досега изучените модели што мене најмногу ме интересираат и ми одговараат за работа.

За 5 години сакам да бидам: Одличен Data Scientist кој со својот придонес ќе допринесе кон подобрување на различни аспекти на општеството.

Хоби: Читање книги и прошетки во природа.

Омилена книга: „Однесено со виорот“ од Маргарет Мичел.

Омилен цитат: „Учењето е процес кој трае цел живот.“

 

Време е за твојата нова кариера, во новата ера на Data Science!

Отсега, со Brainster+ зголеми ја твојата предност на пазарот на трудот. Надгради ги твоите вештини преку супериорна програма со сите 9 ФАКТОРИ за вработување, што ги бара индустријата.

Аплицирај на Академијата за Data Science и добиј го супериорниот едукативен пакет Brainster+ 

Related Stories For You

Future-proof кариера во 2025

Aплицирај за early bird

*САМО 14 ДЕНА