Бреинстер е дел од глобалните потписници на Принципите за зајакнување на жените

Како резултат на нашата постојана посветеност на зајакнувањето на родовата еднаквост, Бреинстер има чест да најави дека стана дел од глобалната заедница на потписници на Принципите за зајакнување на жените (Women’s Empowerment Principles (WEPs)). Oва е важен чекор за Бреинстер како едукативно-технолошка институција и го потврдува нашето заложување за создавање работно место што ја почитува и поддржува родовата еднаквост и зајакнувањето на правата на жените.

Принципите за зајакнување на жените (Women’s Empowerment Principles) претставуваат глобален стандард кој ги обединува организациите во заложбата за родова еднаквост, со цел создавање на економски и социјален напредок за жените. Потпишувањето на овие принципи означува дека Бреинстер активно ќе продолжи да работи на унапредување на правата и можностите на жените во сите аспекти на нашата работа и култура.

Како дел од нашето заложување за родова еднаквост, горди сме што можеме да истакнеме дека 67% од вработените во Бреинстер се жени, од кои 64% се на лидерски позиции. Ова е само еден пример за нашата посветеност на еднаквите можности и создавање инклузивна работна средина каде што секој, без разлика на род, има можност да успее.

„Бреинстер отсекогаш била посветена компанија во зајакнување на родовата еднаквост, не само во изградбата на нашите тимови, туку и во начинот на кој ги комуницираме нашите иницијативи и достигнувања. Со приклучувањето кон глобалната заедница на потписници на Women’s Empowerment Principles (WEPs), со гордост ја потврдуваме нашата посветеност на поттикнување на работно место каде што секој/а се чувствува добредојден/а да придонесе, да напредува и да расте. Како дел од заедницата на WEPs, ќе продолжиме да се залагаме за практики кои ги зајакнуваат жените, не само во Бреинстер туку и низ целата заедница.“ – Петар Ниновски, CEO на Бреинстер.

Ова потпишување е потврда на нашата посветеност кон изградба на иднина во која родовата еднаквост е основа на сите наши активности. Бреинстер ќе продолжи да ги поддржува жените и да ги мотивира за напредок и успех, како на индивидуално ниво, така и во рамки на пошироката заедница.

Благодарени сме сите наши колеги и партнери кои придонесуваат кон овој процес и уверени сме дека нашата посветеност на родовата еднаквост ќе продолжи да инспирира и позитивно да влијае на нашата заедница.

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

11 Компании. 110 Студенти. 1000€ Ваучер.