Храбро, агилно и сигурно. Ова се трите зборови кои се за Симона Ѓоргиев синоними за работењето во Brainster. Но, нејзината Brainster приказна почна неколку години претходно, со запишување на Академијата за графички дизајн.
Знаењето стекнато на академијата, но и желбата да креативно растење и развување, ја доведува до компанијата за која вели дека се грижи вработените да се чувствуваат безбедно, мотиворано и со желба постојано да се надоградуваат. Благодарение на добрата тимска работа, адаптацијата и е лесна и интересна.
Mоже ли да нѐ воведеш во профилот на твоите обврски и задачи?
Работам како графички дизајнер. Добивам супер креативни задачи на кои имам обврска да најдам начин како да поттикнам поголем интерес и повеќе насмевки на социјалните мрежи.
Можеш ли да направиш споредба ‘Симона пред Brainster’ и ‘Симона денес’?
Brainster ме научи да размислувам како да пренесам порака, како да имам трпение ако не сум креативна во моментот, како да не сум анксиозна ако не ми доаѓа некоја идеја и како уредно да работам, со што бескрајно ми го олеснија работното секојдневие.
Кои се најважните професионални чекори што ги помина пред да стигнеш на оваа позиција?
Имам поминато долги часови пред комјутер, дури да сфатам дека дизајнирањето е процес и дека тоа не може да трае кратко. Во главно имам работено на фиктивни проекти на кои сум се учела да станам дизајнер и на реални проекти, на кои сум горда дека сум дел од нив, а и тие од мене.
Кои се најважните нешта што ги научи изминатите неколку месеци работејќи во Brainster?
Почнувајќи од тоа како ме пречекаа како нова вработена, организираноста во секој поглед, па сѐ до работа и фан-евентите за вработените. Brainster е компанија која дава многу, многу мотивација, се грижи вработените да се чувствуваат безбедно, и нуди можност да се инспирираат и надоградуваат постојано. Brainster е топ-фирма, и моето омилено работно место досега.
Како ти помина периодот на адаптација, колку брзо се вклопи во тимот и со компанијата?
Секој ден се чувствувам како сѐ повеќе и повеќе да станувам дел од огромната сложувалка. Благодарение на тимот околу мене, адаптацијата беше лесна и интересна. Предизвиците се секогаш fun дел. Ќе повторам што кажаа тимот за мене: „Се чувствуваме како да работиме долго време заедно, не само неколку месеци“.
По што е уникатно ова работно искуство од претходните?
Секое мое претходно работно место си има свои убавини, и мене ќе ми биде при срце на свој начин. Brainster е една цела нова и различна димензија и едвај чекам заедно да растеме.
На што си посветена после 17 часот? Колку имаш време за доедукација, читање, туторијали…?
Со нетрпение чекам да да дојде тој дел од годината кога во 17 часот се’ уште е ден и има сонце и кога енергијата ќе ми трае како да е утро. Засега, секој ден ми е различен, пробувам да одржувам здрава средина со тоа што правам план и се држам до него. Некои денови се екстра продуктивни, исполнети со учење и време за себе. Понекогаш сум посветена на мојата фамилија, готвење со друштво, грижа за мојата зелена савана дома… Има денови кои бараат само мир и книга, и сите се убави на свој начин.
Brainster е во постојана потрага по нови колеги кои ќе ни се придружат во нашето never-ending journey, за да продолжиме да градиме заедница посветена на најдобрите производи, услуги и искуства на нашите студенти.
Ако сметаш дека ова е вистинското место за тебе, провери ги отворените позиции во нашата организација ТУКА.