Андреј Ристоски
Академија за графички дизајн – Машински факултет
„Отсекогаш ми беше план да се запишам на Brainster. Студирам индустриски дизајн на кој имаме предмет и за графички дизајн, па сакав да научам повеќе. Имаме предмет, но немаме таков смер, па Brainster ми беше најлогичната опција“.
„Brainster ми ги исполни очекувањата и сум презадоволен од Академијата за графички дизајн“.
„На Brainster се осеќам многу послободно. Можеби затоа што повеќе сакам да го учам ова и да се фокусирам на графички дизајн. На машински факултет има многу предмети што не се поврзани со смерот што јас го сакам за мојата кариера“.
Биди чекор пред останатите и учи преку работа на реални проекти! Учи на Академија додека студираш – аплицирај за стипендија до 1000 евра!
„На оние кои се мислат дали да се запишат на Академија додека студираат на факултет им препорачувам да го направат тоа. Не е тешко доколку се организраме и ако даваме фокус на приоритетните задачи“.
„Мојата идеална професија е да бидам фриленс графички дизајн и мислам дека тоа што се запишав на Brainster многу ќе ми помогне и ќе ми биде отскочна даска“.
„Менторите имаат попријателски пристап од професорите на факултет и имаме многу понеформална комуникација. Од инструкторите веќе учам многу. Пример, од Михајло Тунев научив дека треба да се стремиме кон едноставност, што е општо многу добар совет“.