Ја завршив Brainster Академијата, како да се прилагодам на новото работно место? Советуваат нашите студенти и професионалци од полето на човечките ресурси

Неодамна во просториите на Brainster се одржа настан за вработување, каде како панелисти гостуваа неколку експерти од областа на човечките ресурси. Целта на настанот беше, на студентите кои треба да се вработат и оние кои се веќе вработени, да им се олесни процесот на прилагодување на работната средина и исто така да добијат совети од квалификувани лица.

Како панелистки на настанот се појавија Викторија Дамчевска која е Head of People Operations во компанијата GrabIT, воедно и предавач на Академијата за Човечки ресурси на Brainster, Билјана Талевска, People Expert @ Squadron и Милка Јованова, HR Specialist @ HASELT .

Во разговорот со нашата панелистка Билјана Талевска, таа сподели неколку совети до нашата публика

Кога ја гледаме големата слика, ќе видиме дека луѓето биле пред професиите, кои се креирани во функција на усовршување на нашата добросостојба на лично и на колективно ниво. И можеби во овој момент од еволуцијата, нашата генерација е сведок на најголемата транзиција и дискрепанца помеѓу професиите како едукативни модули со кои сме се запознавале и професиите кои ги креиравме работејќи ги.

Ако еден млад човек направи баланс спојувајќи ги сопствените потенцијали и интереси и истовремено ги следи трендовите на пазарот на трудот, веројатно за одредено време ќе се најде себе си на правилната кариерна патека која ако е добро креирана, во никој случај не е статична, ни еднонасочна. Убаво би било кога на кариерата ќе погледнеме како на сложена креација и механизам што како го развиваме нѐ создава нас,  при што ги користиме „ветровите” на трендовите наоколу како помагало, но не како главно „напојување”, односно како насочувач, но не и управувач. 

biljana talevska

Во панел-разговорот своето мислење го истакна и Милка Јованова на темата како до поефективно менаџирање на работните обврски и поставување приоритети во периодот на адаптација

Сите ние секојдневно поставуваме цели, и приватно и професионано. Кога доаѓаме во нова работна средина, каде што речиси сè ни е ново и непознато, нè пречекува нашиот план за onboarding, во кој веќе се поставени одредени краткорочни и долгорочни цели и очекувања кои треба да ги исполниме. Наскоро пристигнуваат и првите работни задачи кои ни ги задава нашиот ментор и претпоставен. Списокот на обврски почнува да се зголемува и за да не се случи се изгубиме во целото тоа море од задолженија, важно е да направиме приоретизација на задачите. Треба да ги дефинираме приоритетите на работните задолженија, а тоа би било најлесно со одговор на две прашања: „Колку е итно?“ и „Колку е важно?“. 

Доколку не успеваме сами до крај да ги разграничиме приоритетните работни задачи, особено на почетокот, важно е да се консултираме со менторот или надредениот. Од него може да побараме дополнителни објаснувања или во некои ситуации едноставно да побараме потврда дека списокот на приоритети кој го имаме е соодветен. 

Исто така, важно е да не започнуваме повеќе задачи одеднаш и да работиме паралелно на сите. Таквиот пристап ќе ни направи хаос во главата и ќе ни го отежне и одолговлечи времето за завршување на задачите. Напротив, доколку сакаме да сме ефикасни во работењето, треба да се фокусираме на една задача. Мултитаскингот повеќе не е во мода. Истражувањата покажуваат дека доколку работиме паралено на повеќе работни задачи, времето на завршување на истите се зголемува двојно, во однос на времето кое би го потрошиле доколку фокусирано работиме само на една задача.

milka jovanova

Ко-инвестираме со нашите партнери за вработување и доделуваме 100 ваучери од 1000€. Инвестирај во иднина што ќе ти донесе вработување – Аплицирај  за твојот ваучер!


По разговорот со панелистките, своите искуства ги споделија и нашите студенти од Академиите.

Никола Станковски, Software Developer @ Encora

Моето искуство започнува во најлошиот период што постои во овие години, а тоа е за времето на пандемијата. Во јануари 2020 година го напуштив ФИНКИ и иако малку разочаран од сам себе, собрав сили и се одлучив ќе направам се само за да останам на планираниот пат, и уште одма ми се „посреќи“. Добив понуда да одам на пракса во мала програмерска компанија односно „Фоксит ДОО Скопје“.

Таму бев еден од избраните на кого му понудија договор за работа и така во март 2020 година јас започнав кариера како Full-stack Web Developer. Патот беше мачен бидејќи уште од самиот старт бев „фрлен во оганот“, но дисциплината и мотивацијата да останам на планираниот пат беа и се посилни од било кој оган. Па така со многу часови посветени на учење, повторување, нервози, нервози и нервози, се изборив и сум горд до каде што сум стигнат денес.

Nikola Stankovski

Додека работев, одлучив да се запишам на академијата на СЕДЦ за Full-stack Web Developer и со тоа само си го збогатив знаењето. Истото го искористив на работното место за да го обновам начинот и методите на работа, а тој потег беше забележан и ми беше дадена шанса целосно да бидам одговорен за еден мал проект. Проектот беше поврзан со комуникација со клиенти, планирање, таскови, водење на мал тим, тестирање па се до пуштање во продукција.

Понатаму се запишав на Академијата за Data Science во Brainster каде што со помош на професорите кои се професионалци во тоа што го работат уште толку го збогатив моето знаење. – со нас сподели Никола Станковски, студент на Академијата за Data Science.

Давид Николовски, Junior Frontend Developer @ Revel Apps

Гледајќи наназад како стигнав овде, јасно е дека упорноста и напорната работа беа моите најголеми сојузници. Без нив дефинитивно немаше да успеам да ги задоволам критериумите за мојата прва работа. За време на академијата, се погрижив да дадам се од себе за секоја задача, поминувајки долги часови во потрага по решенија и расчистување на сите нејаснотии со кои се соочував низ процесот на учење.

Најголема трага во сеќавањето ми остави мојот трет реален проект кој со голем труд и внимание неуморно работев на него често и по 6-7 часа дневно. Не застанав само со она што го предаваше Академијата. Исто така, презедов иницијатива сам да истражувам и да ги учам новите технологии и трендови. Што мислaм дека ќе ми бидат од корист и ќе ми се најдaт во иднината.

Како директен одговор на прашањето би им дал совет на луѓето што допрва влегуваат или сакаат да влезат во индустријата, да бидат подготвени на посветеност, истрајност и долга работа. Секој кој има доволно јака желба да ги совлада препреките чекор по чекор без да се откаже, успехот нема да биде можен, туку и неизбежен. – одговори Давид Николовски, студент на Академијата за Front-end програмирање.

david nikolovski

Своето мислење го сподели и нашиот студент Никола Чучуковски од Академијата за Full-stack програмирање, кој работи како Full-stack Developer @ Digital Node

Јас бев студент на Градежен факултет во Скопје, но не бев некој што учи. Не од секогаш го сакав програмирањето, но летото пред да се запишам на Академијата за Full-Stack на Brainster зедов курс од за Full-Stuck од Colt и ми стана доста интересно. Импулсивно донесов одлука дека сакам да се фокусирам на програмирањето па така почнав, иако бев некој што не учи, бев изненаден сам од себе дека можам да седам на едно место со часови додека не го решам проблемот. И така после само 6 месеци од Академијата со препорака од пријател почнав да работам во Digital Node.

Би ве советувал да ги присуствувате на сите часови и да учествувате активно. Ова е најдобриот начин да го научите материјалот и да добиете најмногу од вашето образование. Не се плашете да поставите прашања и да учествувате во расправи. Менторите се едни од оние кои што најмногу ќе ви помогнат.

nikola chucuhkovski

Brainster како компанија секогаш им стои на располагање на своите студенти правејќи настани за нивно полесно адаптирање во нивната работна средина. Следете нѐ на социјалните мрежи, каде редовно известуваме за секој нов настан за вмрежување.

Future-proof кариера во 2025

Aплицирај за early bird

*САМО 14 ДЕНА