Сакаме со вас да споделиме нова бројка – 115 вработувања во првите шест месеци од оваа година. Тоа значи дека им помогнавме на 115 студенти од академиите на Brainster да им се исплатат трудот и долгите часови посветени на работа и учење. Тоа значи 115 студенти коишто ги испративме кај нашите партнер-компании да придонесат на нашата заедница. Тоа значи 115 студенти, само во првите шест месеци, коишто активно ќе учествуваат во развивањето на креативната и ИТ-индустријата во регионот.
Заради големиот интерес во пролетниот уписен рок ВАУЧЕРИ есен се отворени! Обезбедивме нови 10 компании за повторно да ти го доближиме #1 образованието што вработува.
Аплицирај за 1000 евра ваучер 🚀
Како стигнавме до овие резултати?
- Избираме да работиме со исклучителни кандидати и внимаваме во процесот на селекција;
- Не оставаме ништо на случајноста! Студентите учат практично од експерти во својата област;
- Им покажуваме на студентите како би изгледала нивната нова кариера уште од самиот почеток со работа на проекти за реномирани локални и интернационални компании;
- Одржување на соработката со нашите 200+ партнер-компании;
- Организирање на настани за networking со компаниите;
- Ги подготвуваме студентите за првиот впечаток пред компаниите и пред потенцијалните работодавци со мокап интервјуа, и им даваме поддршка на студентуте во изработка на работни портфолија, CV и профил на LinkedIn;
- Ги поврзуваме студентите со компаниите и им помагаме во процесот на вработување.
Ваквите резултати нѐ потсетуваат на нашата мисија – сѐ што правиме е за нашите студенти и за нивниот кариерен развој. Тимот на Student Success е тука да посвети индивидуална поддршка и внимание во секој чекор од нивното едуцирањe, a тимот Partnerships е тука да им помогне со реални проекти и вработување.
Горди сме на нашите студенти и нивната посветеност, труд и желба за промена и иновација нѐ мотивира да продолжиме со оваа работа.
Како стигнавме до овие резултати? Прочитајте ѝ од искуството на дел од нашите вработени студенти:
„Можам со гордост да кажам дека иако мојата кариерната промена од специјалист за набавки до софтвер тестер беше тешка, сепак со силна мотивација и напорна работа кратко по завршувањето на академијата стигнав до мојата посакувана цел, да се вработам и да ги пренесам моето знаење и вештини стекнати на академијата и нормално преку учење и работа да се усовршам во истото. Да се биде дел од тимот на Casys со задоволство можам да кажам дека е вистинска привилегија а пред се мислам на можноста да се работи во компанија која е лидер во платежната индустрија“ – Горан Брњарчевски, System Engineer во Casys.
„Можам да кажам дека Академијата ми отвори врати за кои не знаев ни дека постојат во нашата држава и добив поинаква перспектива за работните средини и животот, воопшто, затоа што не станува збор за традиционално образование туку фокусот е повеќе кон креативноста и степенот на вложеност.
Благодарение на Бреинстер ја најдов и работата во ЛЕОРОН, работа која што навистина ја сакам и се пронаоѓам во динамичната, креативна работна атмосфера што владее таму. Сето ова, кариерното пренасочување и влегување во нова областа од која што немаш искуство не би било возможно да ја немав поддршката на Бреинстер“. – Габриела Гурмешевиќ, Coordinator – Instructional Design and Planning at LEORON Institute.
„Целосно би ги охрабрил да се запишат тие што се двоумат на академијата бидејќи ќе ја направат вистинската одлука за нив и нивната иднина и кариера. Материјалот што ќе го научат ке им помогне да ссе стекнат со тееоретско знаење а работата на реалните проекти ке им помогне да стекнат и практични вештини“. – Виктор Зафировски, инженер за апликации во Casys.
„Можностите за вмрежување во Brainster ми дозволија да се поврзам со професионалци со слични размислувања и ментори кои ми обезбедија вредни насоки и поддршка. Севкупно, обуката на академијата беше темел во обликувањето на мојот лидерски стил и овозможувањето на успешниот раст и развој на Sphise“. – Едита Мела, основачка на Sphise
„Aкадемијата за графички дизајн ми даде одлична насока како да ги усовршувам моите вештини со цел на специфичен начин да се развијам како дизајнер подготвен за почеток на кариера во тоа поле“. – Филип Цветков, графички дизајнер во AD Value
„Пред 7 години ја започнав мојата кариерна трансформација со Академијата за дигитален маркетинг, а сега сум дел и од Академијата за Project & Product Management – која ми е втора академија на Бреинстер. После завршување на Академијата за дигитален маркетинг се вработив како Digital Campaign Executive и продолжив да се надоградувам во таа насока, и во моментов сум на позицијата Senior Performance Marketer во Браинстер. Моето сегашно искуство како дел од тимот е одлично, мило ми е што сум дел од тим кој постојано презема иницијативи и изнаоѓа решенија за да ги реши проблемите поврзани со образовнаието во нашата држава. Работата е динамична и многу предизвикувачка, меѓутоа како тим секојдневно работиме заедно на сите предзвици кои излегуваат од секојдневното работење“. – Славица Стојменовска, Senior Performance Marketer во Браинстер.
Кампањата е организирана од Brainster во рамки на Активноста на УСАИД за млади кои активно создаваат можности, имплементирана од организацијата Унапредување на економиите за посилни заедници, во партнерство со Младински образовен форум (МОФ) и Центарот за претприемачи и развој на менаџери (CEED Hub) Скопје. Мислењата изразени на оваа веб страница им припаѓаат на авторите/„Brainster“ и не ги изразуваат ставовите на УСАИД или на Владата на Соединетите Американски Држави (САД).