Во динамичниот свет на еколошки свесни бизниси, Eco Food Concept се издвојува како пример за иновативност и преданост кон одржливост. Основана од две исклучителни жени, Катерина и Марина, кои се и професионалки во областа на ветеринарната медицина, оваа компанија пионерски ги истражува можностите за создавање на еколошки прифатливи и нутритивно богати грицки за домашни миленици. Нивна цел е да бидат препознаени како клучен национален истражувачки старт-ап за производство и продажба на храна за домашни миленици направена од достапни ресурси преку користење на безбедни и иновативни решенија.
Покрај нивното богато искуство со активно делување во граѓанскиот сектор и воведување европски пристапи за одржлив развој и унапредување на ветеринарната професија, двете имаат голема емпатија кон животните, верба во балансиран еколошки развој и градењето на еколошки здраво општество.
Соработката со студентите на Brainster отвори нови хоризонти за Eco Food Concept, пружејќи им уникатна можност своите идеи да ги претстават пред креативни и иновативни мислители. Студентите, пак, преку овој проект стекнаа реално искуство, работејќи на вистински предизвици со кои се соочува еден стартап.
Ова партнерство не само што им помогна на Катерина и Марина да го развијат својот бренд и да го подобрат својот дигитален отпечаток, туку и да ги прошират своите видици, како што велат, а и ние сме љубопитни да дознаеме повеќе за тоа како партнерството со Brainster помага на оваа кауза.
![](https://blog.brainster.co/wp-content/uploads/2024/03/IMG_8613-1024x768.jpeg)
Дали може да ни раскажете како дојдовте до оваа уникатна идеја што јасно ве двои од конкуренцијата?
Индустријата за домашни миленици е постојано во подем, a доминацијата на храната за мачки и кучиња веројатно се должи на тоа што овие видови се најчестите домашни миленици. Бројни научни истражувања посочуваат на нутритивна несоодветност на дел од моментално достапните видови на храна и грицки за домашни миленици, што има импликации на здравјето и благосостојбата на кучињата и мачките.
Во нашата држава на пазарот на храна за домашни миленици постои широк спектар на достапни производи, но 90% од оваа храна е увезена од други земји и се забележува недостаток на грицки за мачки и кучиња од животинско потекло.
Поттикнати од идејата да создадаме производ кој ќе ја покаже грижата за домашните миленици, грижата за животните, грижата за луѓето и грижата за животната средина, ги создадовме нашите производи Tricky Treats Tail кои се 100% природни, без алергени и со високо ниво на протеини, создадени низ еколошки процес преку трансформација на животински нуспроизводи со мала хранлива вредност со висока вредност кои го подобруваат здравјето на милениците, а и придонесуваат за заштита на животната средина.
Kои се предизвиците со кои вие, како жени – претприемачки се среќавате во процесот на основање на вашиот бизнис?
Започнувањето на “зелен” бизнис кој поврзува многу различни засегнати страни секако дека носи предизвици во кои се појавува и таа т.н. родова пристрасност. Ние на секој предизвик гледаме како можност за успех и напредок, зошто тоа не поттикнува да креираме свој модел на управување низ призмата на лидерските особини на жените претприемачи.
Социо-културолошките ставови, но и балансирањето помеѓу професионалниот и приватниот живот се предизвици со кои се соочуваме и ќе се соочуваме, но подготвеноста да правиме нешто што го сакаме, да направиме нешто значајно за нас, нешто што ќе донесе позитивни придобивки за заедницата, ја движи нашата приказна во светот на “зеленото” и женското претприемништво.
Какво беше вашето искуство во овој процес и како решенијата од студентите ви помогнаа во градењето на вашиот бизнис?
Да имате можност да го развивате својот бизнис со поддршка на лица кои ја споделуваат својата креативност и посветено се до вас во секој чекор од планирање до промоција е пат до успехот. Ние заедно како тим работевме на неколку наши предизвици, и ова искуство ни помогна да добиеме нова перспектива и резултати кои ја одразија креативноста, иновативноста, свежината, знаењето, вештините и релевантноста на нивните гледишта.
Задоволство и привилегија беше да се соработува со студентите на Brainster на неколку академии, зошто преку оваа соработка креиравме маркетинг стратегија, брендинг и веб страна кои се далеку, далеку подобри од тоа што го замислувавме.
Оваа можност да заедно со студентите планираме, градиме бренд идентитет и пазарен пристап за нас беше, е и ќе биде од суштинска важност за воспоставување, раст и развој на нашиот бизнис.
Решението за бренд идентитет за Eco Food Concept на Катерина Николова од Академијата за Графички Дизајн
Kои клучни елементи беа потребни да се истакнат во визуелниот идентитет на Еко Фуд, со цел правилно да се позиционирате на пазарот?
Визуелните елементи на брендирањето се клучната основа на секој развој на брендот, а особено за нашиот бренд каде треба да се одрази целата специфичност и уникатност на нашата приказна.
За нас беше особено важно визуелниот идентитет да ги одрази трите столбови на нашиот бизнис – грижата за животните, грижата за животната средина и социо-економската еднаквост. Да се истакне едноставноста, сигурноста, стабилноста, професионалноста, и социо-економската и еколошката страна на нашата старт ап приказна. Благодарение на тимот на Brainster, за ЕКО ФУД КОНЦЕПТ и Trickу Тreats Tail се креираше визуелен идентитет кој целосно ја одразува нашата мисија, приказна и иднина.
Кое е вашето мислење за вакви соработки, каде преку практична работа на студентите се помага во позиционирањето на брендови и организации?
Соработката со Brainster беше од огромно значење за нас како старт ап, и вакви видови на соработки каде вие како бизнис/организација имате можност да работите со тим со знаење, вештини, креативност и посветеност во изнаоѓање на решенија за предизвиците со кои се соочувате носат позитивни придобивки за сите вклучени страни, но и во поширок контекст. Овие соработки се поддршка и отворање на нови перспективи за развој на нас како старт ап, но и создаваат можности за понатамошен раст и одржливост на бизнисот.
Од друга страна, заедничката работа со студентите е значајно искуство за нив во интергрирањето на теоретските знаења во пракса и нивниот професионален развој. Овие win-win придобивки промовираат успешни модели на образование, овозможуваат професионален развој и поддржуваат развој на старт ап заедницата.
Решението за веб страна за Eco Food Concept на Ана Митовска од UX/UI дизајн академијата
За крај, ќе може ли да ни споделите што во овој процес можеби ве изненади, отскокна од очекувањата или пак ве научи нешто ново?
Очекувањата од соработката во секоја област ги надмина нашите очекувања! Во текот на соработката бевме пријатно изненадени од знаењата и вештините на студентите, нивната креативност, посветеност и ентузијазам да истражуваат, да се надополнуваат и да споделуваат. Целата програма за работа е така осмислена што заедно во потрага по решенија и ние учевме од нив, се надополнувавме со нивната креативност и професионалност во областа на Дигитален Маркетинг, Графички Дизајн и UX/UI дизајн.
Нивните споделени перпсективи нас нѝ помогнаа да ги прошириме нашите видици за развој на ЕКО ФУД КОНЦЕПТ, ги проширивме нашите знаења и откривме нови можности што ќе ни обезбедат развој и подобра позиционираност на нашиот стартап.
Поаѓајќи од вашето искуство, што би им препорачале на сите оние претприемачи кои сѐ уште немаат соработувано со Brainster?
На сите претприемачи им препорачувам на “to do” листата да ја додадат соработката со Brainster. Во развојот на нашиот старт ап и градењето на нашата претприемничка приказна, ние полесно ги надминувавме предизвиците, ги проширувавме “видиците” за развој и станавме поуспешни благодарение на професионалноста, посветеноста и тимскиот дух на тимот на Brainster. Верувам дека соработката со Brainster ќе донесе многу придобивки и успех за нив како претприемачи, тие треба само да ја “зграпчат” можноста.
И последно, Кате и Марина, кажете ни кои се следните чекори за Еко Фуд Концепт, што можеме да очекуваме од вас и каде се гледате во блиска иднина?
Од нас може да очекувате проширување на палетата на производи за домашни миленции зошто планираме да продолжиме посветено да истражуваме, создаваме и лансираме иновативни и исклучителни квалитетни производи на пазарот на храна за домашни миленици промовирајќи ја грижата за милениците и грижата за планетата Земја. Во блиска иднина се гледаме како клучен национален истражувачки старт-ап за производство и продажба на храна за домашни миленици направена од достапни ресурси преку користење на безбедни, еколошки и иновативни решенија.
За Eco Food Concept, ова партнерство служи како пример за чекор до успехот во нивната развојна стратегија за нивниот стартап и порачуваат на ситедруги компании кои би сакале да интегрираат практично образование во нивните развојни стратегии, да го сторат тоа – придобивките се големи!
Бидeте дел од иднината и соработувајте со Brainster преку платформата за партнерства!
Kонтактирајте нѐ на [email protected]