Ултимативната кариерна трансформација – панел-дискусија на Brainster Job Fair

Многу работи се случуваа на Brainster Job Fair – најголемиот ИТ саем за вработување во земјата. Сѐ уште под импресии, уште долго ќе се обидуваме да ви ја доближиме и претставиме атмосферата. Како дел од саемот, се одржа и панел дискусија насловена „The Ultimаtе Career Transition“.

Дискусијата ја водеше Јана Тодоровска, генерална менаџерка на тимот „Партнерства“ на Brainster и Brainster Next колеџот. Тодоровска го отвори панелот со емотивен говор за тоа какво значење има овој настан за нејзината кариера и за тимската работа што придонесе за организирање на ваков успешен настан. Во говорот ни даваше рефлексија на последните три години како вработена во Brainster, споделувајќи го моменталниот број на вработени студенти (2350) како еден од своите најголеми достигнувања.

Дискусијата беше проследена од компаниите и студентите. Фокусот на тимот „Партнерства“ е токму ова – поврзување на компаниите и студентите со главната цел – вработување за секој студент.

Еве сме. На едно место со 50 компании.

Некој од нив ни беа меѓу првите склучени партнерства.

Некои од нив ги запознавме низ годините. 

Некои од нив имаат веќе 30+ вработени студенти.

А некој од нив денес ќе ги имаат и првите.

Најважно од се, некои од нив ни се алумни студенти кои сега се во улога на претприемачи кои ќе ги вработуваат нивните нови колеги.

До сите вас едно големо благодарам.

Студенти, ви благодариме што верувате во нас како едукативна институција.

Компании, ви благодариме што им верувате на нашите таленти. Добре дојдовте сите на Brainster Job Fair – првиот од многуте понатаму! – Јана Тодоровска.


Коинвестираме во твојата иднина! Заедно со партнер-компаниите доделуваме 100 ваучери од 1000 евра. Не чекај и аплицирај за твојот!

На панелот се дискутираше за темата кариерна трансформација. Многу од студентите на Brainster од различни годишни групи, се запишуваат на академиите токму со оваа цел – реосмислување на својот професионален идентитет. Ивана Дојчиновска Стојановиќ (искусен HR експерт и лиценциран кариерен советник) зборуваше за кариерната трансформација преку четирите главни елементи: себеспознавање, истражување можности, потрага по вработување и вмрежување и остварување контакти. Го дискутираше ефектот на секој од овие елементи и влијанието што го имаат врз изборот на кариера. 

Младите таленти на настанот можеа да дознаат за најновите трендови во маркетинг агенциите. Илина Стојановски (Head of People во Lean) сподели што моментално е акутелно во Lean и какви вештини и квалификации се бараат од младите таленти. Зборуваше Генерацијата З како работна сила и новите професии кои настанале од нивната генерација како, на пример, тиктокерите. Понатаму, им даваше инсајдерси совети на младите кои сакаат да влезат во светот на маркетинг.

Филип Стојановски (Head of Sales – East Europe на Native Teams ), зборуваше за мрежењето како клучен фактор за неговата кариерна трансформација. Како претставник на Native Teams, глобална софтверска компанија која го олеснува животот на фриленсерите и работниците на далечена, Стојановски го нагласува ефектот што ширењето на контакти го има за работата на фриленсерите. На панелот, зборуваше за работата на себе и на личниот брендинг и зошто се значајни за овие професии. Присутните студенти на саемот, можеа да слушнат и дополнителни совети за фриленс и работата на далечина.


Настанот е организиран од Brainster во рамки на Активноста на УСАИД за млади кои активно создаваат можности, имплементирана од организацијата Унапредување на економиите за посилни заедници, во партнерство со Младински образовен форум (МОФ) и Центарот за претприемачи и развој на менаџери (CEED Hub) Скопје. Мислењата изразени на оваа веб страница им припаѓаат на авторите/„Brainster“ и не ги изразуваат ставовите на УСАИД или на Владата на Соединетите Американски Држави (САД).