50 компании, 200 студенти, 1 цел: вработување за секој Brainster студент!

Досега вработивме 2136+ студенти и со тоа станавме #1 образование што вработува. Уште еден доказ дека сме посветени на нашата главна мисија – ВРАБОТУВАЊЕ – е организирањето на најголемиот саем за вработување во Македонија досега од Brainster.

На 4ти јуни во Laboratorium, ексклузивно само за студентите од Brainster Академиите и Brainster Next факултетот ќе се одржи Brainster Job Fair. Настан што ќе ги поврзе студентите и компаниите!

Brainster Job Fair: најголемиот досега во Македонија

На претстојниот настан, 50 партнер-компании од Македонија, Албанија, Србија и Грција ќе имаат можност да вработат повеќе од 200 наши студенти. На саемот за вработување компаниите ќе имаат една цел: да ги привлечат кандидатите кои сметаат дека ќе бидат најдобар фит за нивната компанија.

Додека, пак, студентите ќе имаат можност да се запознаат со што повеќе компании, да ја претстават својата работа, своите портфолија и да бидат интервјуирани. Сето ова им овозможува побрз пат на студентите до нивната идна кариера и да започнат со пракса или со работа и „да го скршат мразот“ во корпоративниот свет.

Ова е голем “milestone” во кариерата на нашите студенти. Kако и секогаш, тука сме со нив во секој чекор! Што значи тоа?

Нашиот тим ќе помогне со изработка на нивните портфолија, CV, LinkedIn профили и ќе ги уведе во процесот како изгледа едно интервју за работа. Со помош на HR менаџери, ќе работиме да се претстават во најдобро светло пред компаниите за да го осигураат своето вработување.

Тимот на Partnerships работеше неуморно во последниот период за да донесе веќе докажани компании од регионоти, и, со тоа, да им овозможат на студентите на Бреинстер да бидат чекор пред сите со шансите за вработување. 

„Нашиот тим има благодарна цел: да вработи колку што е можно повеќе студенти по завршувањето на Академиите на Brainster и Brainster Next. Со Brainster Job Fair, каде на едно место ќе се запознаат студентите со компаниите, продолжуваме да работиме на она што го правиме секојдневно во остварување на нашата мисија: работа за секој студент!“

– Јана Тодоровска, Head of Partnerships

Brainster е лидер за вработување во нашето неформално образование, како #1 Академија по остварен број на вработени студенти и број на партнери. Преку програми создадени од професионалци, Brainster не само што ја менува едукацијата во Македонија, туку учествува и во промена на самата бизнис клима во регионот.

Настанот е организиран од Brainster во рамки на Активноста на УСАИД за млади кои активно создаваат можности, имплементирана од организацијата Унапредување на економиите за посилни заедници, во партнерство со Младински образовен форум (МОФ) и Центарот за претприемачи и развој на менаџери (CEED Hub) Скопје.


Стани дел од #1 образованието што вработува и аплицирај за некоја од програмите на Brainster.
Инвестирај во твојата иднина, а ние ќе ти помогнеме да изградиш сигурна кариера во твојата идна професија.


Како до 1.000.000€? 🤫