Brainster Job Fair 2.0 и оваа година се одржа ексклузивно за студентите на Brainster и Brainster Next College. Саемот веќе прерасна во вистинска платформа каде што младите таленти имаат можност директно да се запознаат со своите потенцијални идни работодавци.
Овој саем, кој веќе станува традиција, повторно ги собра студентите од Brainster и Brainster Next College и професионалци од домашниот и регионалниот бизнис сектор во една динамична, мотивациска и продуктивна атмосфера. Над 70 компании од ИТ, маркетинг, финансии, е-трговија, телекомуникации беа дел од овој настан посветен на кариера, вмрежување и развој.
Нашите блиски партнери активно учествуваа со свои штандови, презентации и разговори со студентите. Дел од нив веќе вработуваат или нудат практикантски места на студенти од Brainster – а токму тоа е и нашата мисија: да го доближеме образованието со бизнис секторот.
Оваа година, саемот беше збогатен со исклучителна поддршка од нашите спонзори и партнери, чиишто визија и вложување беа клучни за успехот на целиот настан.
AI нема да те замени, ќе те заменат корисници на „AI at Work“!
Пакетот кои го добиваат корисниците е следен:
25 евра за 8 курсеви секој месец +
Бонус 1: Една бесплатна академија годишно за редовните корисници,
Бонус 2: Бесплатен пристап до дигитална заедница за поддршка и учење.
Kuehne+Nagel, глобален логистички лидер, се наши партнери и спонзори на проектите со вештачка интелигенција. Како наши партнери, постојано вложуваат во нашите студенти и во младите таленти кои ќе ја движат индустријата напред.

На прашањето зошто соработуваат со едукативни институции како Brainster, Благица Трпезановска, генерална директорка на Kuehne+Nagel, сподели:
„Иницијативите како оваа на Бреинстер треба сериозно да се поддржат, бидејќи младите носат свежа енергија и нови перспективи, иднината на технологијата е во нивни раце, а лидерството денес повеќе значи влијание, отколку само управување со компаниите“.
Johnson Matthey, еден од најголемите технолошки производствени капацитети во земјава и лидер во примената на напредни технологии, ја потврди својата посветеност на иновациите преку активно учество на AI конференцијата во рамки на Brainster Job Fair 2.0.

„Учеството на ЏМ на конференцијата во рамките на Brainster Job Fair 2.0 претставуваше значајна можност за истакнување на нашата посветеност кон иновации и технолошки развој. Настанот овозможи размена на идеи, знаења и вмрежување со млади таленти кои ќе ја обликуваат индустријата. Горди сме што сме дел од ваква иницијатива што ја поддржува технолошката заедница и поттикнува примената на AI во индустриската практика“. – Ивана Димеска, HR Advisor / Community Ambassador во Johnson Matthey.
Компанијата се претстави со Џејмс Далтон, менаџер за инженерски иновации во Johnson Matthey, кој одржа презентација посветена на интеграцијата на вештачката интелигенција во индустриските процеси. Неговото излагање даде редок увид во тоа како една глобална компанија со присуство и во Македонија ги користи најновите AI алатки за оптимизација, предвидување и одржливост во производството.
Горди сме што меѓу нашите поддржувачи се и МАЧР (Македонска асоцијација за човекови ресурси), кои преку својата експертиза помогнаа да се фокусира вниманието на значењето на професионалниот развој и градењето на кариери за нашите студенти.
Настаните беа исполнети со – панел дискусии, вмрежување со HR професионалци и менаџери, индивидуални разговори за можности за пракса и работа, но и многу и инспиративни разговори и нови почетоци.
Голема благодарност до нашите пријатели од E-Horeca, кои беа официјални спонзори за кафе на овогодинешниот Brainster Job Fair. Благодарение на нив, учесниците, студентите и партнерите уживаа во одлично кафе и пријатна атмосфера за вмрежување и разговори.

По завршувањето на саемот, во просториите на Diamond Mall и Limak Residence Skopje се одржа конференцијата за вештачка интелигенција, каде што над 800 студенти и претставници од компании се собраа за да ја проследат актуелната програма.

Силна поддршка добивме и од Бизнис Мрежа, кои постојано ја промовираат соработката меѓу младите таленти и компаниите. Како платформа која поврзува претприемачи, професионалци и идни лидери, Бизнис Мрежа игра клучна улога во поврзувањето на академската заедница и реалниот бизнис свет.
„Задоволство ни е што учествувавме на овој настан и имавме можност директно да се поврземе со младите таленти. Сметам дека ваквите иницијативи се од исклучителна важност, бидејќи ни овозможуваат да ги препознаеме идните професионалци и да им понудиме реални можности за развој и вработување.
Преку разговори, споделување искуства и отворање на конкретни можности, веруваме дека придонесуваме кон градење на поконкурентен и динамичен пазар на труд“. – Марија Јованоска Милевска, oперативна директорка на Таргет Груп.

Денот заврши со нетворкинг сесија, поддржана од нашите партнери Salience Cosulting и SMIDGIN кои го служеа својот прецизно дестилиран крафт џин, каде студентите, компаниите и говорниците имаа можност да се поврзат во порелаксирана атмосфера.

Brainster Job Fair 2.0 е кариерен настан кој претставува мост меѓу образованието и реалниот бизнис свет, создавајќи средина каде што се создаваат нови професионални релации, идеи и можности.
Со силна поддршка од партнерите, компаниите и спонзорите, како и со ентузијазмот на студентите, оваа иницијатива продолжува да го поставува стандардот за тоа како изгледа современа платформа за развој на кариера, вмрежување и иновации. Со нашите партнери, активно градиме заедница која не само што ги препознава младите таленти, туку и активно инвестира во нивниот раст.