YOCTO, како партнер што досега има вработувано студенти од Бреинстер, ќе учествува на ИТ саемот за вработување. Агенцијата YOCTO е една од најбрзорастечките маркетинг агенции во регионот EMEA. Како мала агенција за LTV раст со фокус на индустријата за здравје и велнес се специјализира за Email, SMS, Direct Mail и Mobile маркетинг. 

Брзиот напредок на YOCTO е препознаен со тоа што го добива престижниот статус на „Platinum Master“ агенција според официјалната партнерска програма на Klaviyo. Поканета е и да да се приклучи на Partner Advisory Council и Board на неколку технолошки компании кои широко се користат од многу брендови, вклучувајќи ги Klaviyo и Yotpo.

Сопственикот на YOCTO, Џорџ Капернос, дава кратко интерјву за неговите очекувања од кандидатите што ќе се претстават на настанот.

Здраво Џорџ, ти благодариме за учеството на овој блог! Можеш ли да ни кажеш малку повеќе за твојата улога во компанијата и како изгледа еден типичен работен ден?

Како сопственик на YOCTO, главниот фокус овие денови ми е на стратешки партнерства. Сепак, бидејќи сме релативно мала компанија, често се вклучувам и во други активности.

Што е уникатно за вашата компанија што ја издвојува од другите во индустријата?

Што се однесува до перформансите, нашите резултати и студии на случај се ненадминати во индустријата. Од другите агенции се разликуваме филозофски – нашиот примарен фокус е да станеме продолжение на внатрешните тимови на нашите клиенти. На овој начин длабоко да го разбереме нивниот бизнис модел и да постигнеме исклучителни финансиски резултати (за разлика од фокусирањето на испораките и следењето на времето).

Честитки! Вашата компанија е една од 50-те компании поканети да учествуваат на Саемот за вработување на Бреинстер. Што ве мотивираше да присуствувате на овој настан?

Имаме и порано вработено студенти од Brainster и сме многу задоволни од резултатите.


Коинвестираме во твојата иднина! Заедно со партнер-компаниите доделуваме 100 ваучери од 1000 евра. Не чекај и аплицирај за твојот!


Според вас, какво влијание имаат ваков тип на настани врз ИТ индустријата/екосистемот?

Моментално е тешко да се знае бидејќи ова ќе биде нашето прво учество. Според она што го гледаме досега, настаните се позитивни и за компаниите кои вработуваат (како нашата), и за студентите кои се изложени на вистинските барања и потреби на локалните и меѓународните компании како YOCTO.

Можете ли да го опишете идеалниот кандидат кој се надевате дека ќе го сретнете на саемот за вработување?

Мирен и ладен под притисок, високо интелигентен и оптимистичен.

Каков совет би им дале на студентите кои се заинтересирани да аплицираат за позиции во вашата компанија на саемот за вработување? Некој совет за добар впечаток и самопрезентација?

Одвојте малку време да ги прочитате нашите студии на случај (достапни на yocto.agency) и запознајте се со нашата работа. Бидете подготвени да одговорите на прашањето „зошто вие, а не сите други“, знаејќи дека просечниот оглас за работа ќе добие стотици апликации.


Настанот е организиран од Brainster во рамки на Активноста на УСАИД за млади кои активно создаваат можности, имплементирана од организацијата Унапредување на економиите за посилни заедници, во партнерство со Младински образовен форум (МОФ) и Центарот за претприемачи и развој на менаџери (CEED Hub) Скопје. Мислењата изразени на оваа веб страница им припаѓаат на авторите/„Brainster“ и не ги изразуваат ставовите на УСАИД или на Владата на Соединетите Американски Држави (САД).