Во изминатата деценија, WVP Fund Management се етаблира како синоним за лидерство и доверба на македонскиот пазар на инвестициски фондови. Како управител на најголемиот акциски фонд во земјата според нето средствата под управување, компанијата има клучна улога во обликувањето на домашната инвестициска сцена, со силно и стабилно присуство во управувањето со обврзнички и акциски портфолија.
Активностите на WVP Fund Management не се ограничени само на домашниот пазар. Kако стратешки акционер во шест друштва за управување со фондови во Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Црна Гора, Бугарија и Австрија, компанијата активно придонесува кон развојот на инвестициската индустрија во целиот регион.
Во рамки на својата визија за одговорно и долгорочно управување со капитал, WVP Fund Management ја прошири својата дејност и во пензискиот сектор преку WVP Пензиско Друштво, дополнително зајакнувајќи ја својата позиција како клучен финансиски партнер за индивидуалните и институционалните инвеститори.
WVP Fund Management се и наши партнери и соработници, кои беа дел од Brainster Job Fair 2.0, каде што имаа можност директно да се поврзат со нови таленти и идни професионалци.
Во интервјуто разговаравме со Петар Андреевски, CEO на WVP Fund Management AD Skopje, за денешниот пазар на труд, за културата на нивната компанија, како и за вештачката интелигенција во деловниот свет.

Кои вештини и квалификации сметате дека се клучни за потенцијалните кандидати во денешниот пазар на труд?
Денешниот пазар на труд бара адаптибилност, аналитичко размислување и способност за решавање на проблеми. Кај нас, високо ги цениме иницијативата, одговорноста и подготвеноста за постојано учење. Комбинацијата од технички вештини, особено во областа на финансии, технологија и комуникации, со искрена амбиција и интегритет, ја прави разликата.
Како вашата компанија ја користи вештачката интелигенција во своите производи/услуги/процеси?
Вештачката интелигенција ја користиме како стратешка алатка за напредна анализа и интерна автоматизација. Таа придонесува за побрзо и поточно донесување деловни одлуки, подобрување на ефикасноста и оптимизација на внатрешното работење. Сепак, нејзината улога е поддржувачка, таа ја засилува експертизата на нашите професионалци, без да ја заменува човечката стручност.

Каков совет би им дале на компаниите кои штотуку почнуваат да ја истражуваат употребата на вештачката интелигенција?
Започнете со јасно дефинирани цели и фокусирајте се на реалните проблеми што вештачката интелигенција може да ги реши. Инвестирајте во обука на тимот и градење партнерства со експерти. Вештачката интелигенција е алатка која, кога е правилно применета, може значително да го подобри бизнисот.
AI нема да те замени, ќе те заменат корисници на „AI at Work“!
Пакетот кои го добиваат корисниците е следен:
25 евра за 8 курсеви секој месец +
Бонус 1: Една бесплатна академија годишно за редовните корисници,
Бонус 2: Бесплатен пристап до дигитална заедница за поддршка и учење.
Дали можете во три збора да ја опишете културата во вашата компанија и што најмногу ги мотивира вашите вработени?
Културата во ВФП Фонд Менаџмент ја обликуваат три фундаментални вредности: доверба, посветеност и интегритет. Нашиот тим претставува внимателно изградена структура од професионалци кои не само што ги споделуваат истите цели, туку и ја живеат визијата на компанијата. Работната средина што ја негуваме е резултат на стабилна организациска основа, ориентирана кон резултати, но поддржана со човечки пристап, професионална етика и взаемна почит. Мотивацијата на секој наш вработен произлегува од чувството на припадност кон организација каде секој вложен напор гради трајна вредност, а вработените ја препознаваат својата улога како суштински дел од колективниот напредок и визијата што ја следиме. Веруваме дека токму ваквиот пристап е клучот за стабилност, развој и доследност. Тоа стои цврсто како темел на сè што правиме.

Дали имате некоја порака за младите таленти и студенти кои се во потрага по работа или се заинтересирани за вештачка интелигенција?
Бидете отворени за нови знаења и вложувајте во сопствениот интелектуален капитал. Наместо да се водите единствено од позицијата, фокусирајте се на средина што овозможува континуиран раст. Вештачката интелигенција не е само технолошки тренд таа е и нова парадигма во начинот на размислување. Најголемата предност ја имаат оние што ќе знаат како да ја разберат, применат и надградата преку сопствениот влог.
Каков совет имате да споделите за оние кандидати кои сакаат да ја променат својата кариера?
Животот не ни дава само една шанса за успех. Понекогаш, највредните остварувања доаѓаат откако ќе собереме доволно искуство, мудрост и храброст за да направиме пресврт. Ако чувствувате дека е време за нова насока – верувајте си. Тоа е почеток на нешто значајно.
*Податоците се заклучно со 11.06.2025 година.