Тинекс, водечки малопродажен ланец на супермаркети во земјата, досега има вработено 3 студенти на Бреинстер од Маркетинг и Академијата за човечки ресурси. На Brainster Job Fair, Тинекс продолжува да регрутира нови кадри.
Како компанија што опстојува повеќе од 30 години на пазарот, во склоп на супермаркетот се наоѓаат и други трговски објекти. Овде спаѓаат дрогериите Cosmo, Tinex TO GO, Tinex Home, Tinex Delicatessen, Retail Park GODI, 3 трговски центри, хотел и продавници SPOT. Насочени се кон примена на најновите технологии и управувачки принципи за усовршување на потрошувачкото искуство максимално задоволство при пазарувањето.
Васка Ценовска (Talent Acquisition and Employee Branding Partner) и Тина Спировска (Manager of Corporate Communications) зборуваат за Тинекс семејството кое го сочинуваат над 1200 вработени, над 200,000 потрошувачи и 2000 соработници.

Здраво Тина и Васка, ви благодариме за учеството на овој блог! Можете ли да ни кажете малку повеќе за вашата улога во компанијата и како изгледа еден типичен работен ден?
Тина:
Работам во секторот корпоративни комуникации во кој спаѓаат дигиталниот маркетинг и корпоративни комуникации. Заедно со мојот тим, ја зголемуваме видливоста на брендот преку дигитални канали и обезбедуваме постојана комуникација со јавноста. Организираме настани за да креираме незаборавни искуства за потрошувачите и партнерите. Тимската работа е клучна за успешно планирање и реализирање на целта. Работата е динамична и возбудлива, со секојдневни нови предизвици и можности.
Васка
Секој ден ми е прединамичен! Од интеракција со потенцијални кандидати, до стратегиски иницијативи за регрутирање и креирање на програми за мотивација кај вработените. Секојдневно работам на поттикнување на енергична култура на работното место и затоа постојано комуницирам со сите вработени за да се осигурам дека нивниот глас е слушнат.
Како дел од тимот на човечки ресурси, соработката со моите колеги додава дополнителна динамика и позитивна енергија. Тимската работа и синергијата се најважни. Заедно стремиме да создадеме средина каде што секој член во компанијата напредува и средина која ќе покаже успех.
И, се разбира, денот не поминува без кафе :)))
Што е уникатно за вашата компанија што ја издвојува од другите во индустријата?
Работењето во Тинекс е искуство кое нуди многу повеќе од само професионален ангажман. Тоа што го прави Тинекс уникатно работно место и ни дава предност пред другите компании е негувањето на култура на тимска работа, иновација и постојано учење. Вработените се охрабруваат да ги споделуваат своите идеи и да учествуваат во процесот на носење одлуки. Ова создава атмосфера каде секој може да се чувствува почитуван и слушнат.
Инвестираме во нашите вработени преку редовни обуки, семинари и програми за професионален развој. Нашата компанија нуди можности за напредок во кариерата и хоризонтално и вертикално, со што се овозможува континуиран раст и развој на нашите вработени.
Работењето во Тинекс значи работа во позитивна и поддржувачка средина. Нашите вработени уживаат во пријателски и колегијални односи што придонесуваат задоволство во работата и тимски дух.
Тинекс е многу повеќе од само работно место. Нашата компанија нуди динамична и иновативна работна средина, со силна корпоративна култура и можности за професионален развој. Нашата посветеност, стабилноста и поддршката на заедницата го прават Тинекс уникатно место за работа. Даваме можност секој вработен да напредува и да биде дел од нешто поголемо.

Коинвестираме во твојата иднина! Заедно со партнер-компаниите доделуваме 100 ваучери од 1000 евра. Не чекај и аплицирај за твојот!
Честитки! Вашата компанија е една од 50-те компании поканети да учествуваат на Саемот за вработување на Бреинстер. Што ве мотивираше да присуствувате на овој настан?
Има повеќе причини. Пред сѐ, на саемот за вработување на Бреинстер ќе запознаеме веќе обучени таленти коишто веќе поседуваат вештини и вредности во склоп со тоа што го бара пазарот..
Второ, учеството ја покажува нашата посветеност за поддршка и инвестирање во растот на студентите на Бреинстер. Со активно учество на настани како овие, покажуваме дека ја цениме поврзаноста и одличната комуникација со Бреинстер. Секако и со тоа што сме една од 50те компании кои се поканети ја докажува и вашата посветеност во нашата соработка.

Можете ли да го опишете идеалниот кандидат кој се надевате дека ќе го сретнете на саемот за вработување?
Идеалниот кандидат би бил оној кој би се вклопил во нашата организациска култура, кој би демонстрирал проактивност и амбициозност. Во минатото имавме среќа да вработиме алумни Бренистер студенти токму со вакви способности :)))
Каков совет би им дале на студентите кои се заинтересирани да аплицираат за позиции во вашата компанија на саемот за вработување? Некој совет за добар впечаток и самопрезентација?
Советот што сакаме да им го дадеме е да бидат свои!
Настанот е организиран од Brainster во рамки на Активноста на УСАИД за млади кои активно создаваат можности, имплементирана од организацијата Унапредување на економиите за посилни заедници, во партнерство со Младински образовен форум (МОФ) и Центарот за претприемачи и развој на менаџери (CEED Hub) Скопје. Мислењата изразени на оваа веб страница им припаѓаат на авторите/„Brainster“ и не ги изразуваат ставовите на УСАИД или на Владата на Соединетите Американски Држави (САД).