Sopro ќе запознава нови талентирани студенти на Brainster Job Fair

Sopro e глобален бренд кој веќе девет години нуди услуги во полето на дигитален маркетинг, специјализирајќи се во сферата на B2B sales prospecting. Компанијата нуди координирани multichannel кампањи, кои имаат за цел да генерираат можности и да придонесат раст за нивните клиенти. Нивната стратегија им овозможува на клиентите на Sopro да постигнат значителен напредок во нивните продажни активности и да ја зголемат нивната база на клиенти.

Sopro се гордее со својот тим од над 300 колеги во канцелариите во Скопје и Брајтон, Обединетото Кралство. Соработуваат со повеќе од 600 бизнис клиенти од преку 80 различни индустрии, почнувајќи од Popri стартап бизниси до глобални брендови. Оваа разновидност им овозможува да стекнат длабоко разбирање за различните потреби и предизвици со кои се соочуваат нивните клиенти.

За одличната можност на студентите од Бреинстер и Бреинстер Некст колеџот да го запознаат глобалниот бренд Sopro, се обраќа Марија Попризова како Talent Acquisition Specialist.

Здраво Марија, ти благодариме за учеството на овој блог! Можеш ли да ни кажеш малку повеќе за твојата улога во компанијата и како изгледа еден типичен работен ден?

Здраво, ви благодарам за можноста да се претставам. Јас сум дел од тимот на Sopro веќе 3 години како Talent Acquisition Specialist. Преку оваа позиција имам можност и привилегија да ги пронајдам новите колеги во нашите тимови. Моето секојдневие се состои од проверување на статусот на кандидати во процес, комуникација со нив, неколку интервјуа и соработка со колегите вклучени во процесот на селекција. Покрај циклусот на регрутација, во Sopro сум горд D&I Champion и заедно со глобалниот тим работиме на теми поврзани со диверзитет и инклузивност. Сметам дека во мојата професија, клучно е гледиштето низ оваа призма. 

Што е уникатно за вашата компанија што ја издвојува од другите во индустријата?

Таленти и технологија – во бизнисот имаме исклучително посветени луѓе кои секојдневно иновираат во однос на нашите услуги и интерни системи со кои работиме. Она што веќе 9 години како бизнис го постигнуваме во сферата на B2B маркетинг и multichannel prospecting се должи на докажан квалитет во нашата соработка со клиенти. Исто така, во Operations тимот соработуваме со клиенти од најразлични индустрии и тоа го прави секој ден динамичен и нѐ предизвикува да размислуваме out of the box. 


Коинвестираме во твојата иднина! Заедно со партнер-компаниите доделуваме 100 ваучери од 1000 евра. Не чекај и аплицирај за твојот!


Честитки! Вашата компанија е една од 50-те компании поканети да учествуваат на Саемот за вработување на Бреинстер. Што ве мотивираше да присуствувате на овој настан?

Мотивирани сме и возбудени за можноста да се запознаеме со потенцијалните нови колеги. Бараме исклучителни студенти кои ги делат нашите вредности за учење и иновативност, спремни за следен чекор во својата кариера. Покрај тоа, се радуваме што на саемот би можеле да го претставиме нашиот бренд и сервис на еден поинаков начин. 

Според вас, какво влијание имаат ваков тип на настани врз ИТ индустријата/екосистемот?

Во време кога пазарот за труд динамично се менува, ваков вид на настан е одлична можност за студентите да направат мудар избор за своја кариера. И тоа преку запознавање со потенцијалите компании, нивните услуги/продукти, вредности и можности за раст и развој. Ваков настан би ни овозможил една поинаква прилика за следење на нови трендови во индустриите, меѓусебно запознавање со останатите компании и мрежење, што е секогаш добродојдено.

Можете ли да го опишете идеалниот кандидат кој се надевате дека ќе го сретнете на саемот за вработување?

Ние не бараме „идеален кандидат“. Сите имаме сфери каде што можеме да станеме подобри. Тоа што би кажала дека би очекувале да запознаеме се амбициозни кандидати со голема желба за учење и надградување. Да имаат тенденција да се специјализираат во некоја област и да растат во истата.

Во позициите кои се поврзани со нашиот тим во Оператива, тоа би биле кандидати кои имаат беспрекорно познавање на англиски јазик, сакаат да работат со data, размислуваат низ бројки и имаат интерес за B2B маркетинг – од иновативни технички решенија до креирање стратегии и нивна имплементација. 

Каков совет би им дале на студентите кои се заинтересирани да аплицираат за позиции во вашата компанија на саемот за вработување? Некој совет за добар впечаток и самопрезентација?

На сите студенти би им препорачала на ова искуство да пристапат со љубопитност и автентичност. Ние сакаме да ве запознаме вас и вие да се запознаете со можностите кои ги нуди Sopro за вас и вашиот развој. Супер би било ако пред настанот направите истражување за компаниите кои ги гледате како потецниајлен работодавач и да ни пристапите со конкретни прашања. Се гледаме таму 🙂


Настанот е организиран од Brainster во рамки на Активноста на УСАИД за млади кои активно создаваат можности, имплементирана од организацијата Унапредување на економиите за посилни заедници, во партнерство со Младински образовен форум (МОФ) и Центарот за претприемачи и развој на менаџери (CEED Hub) Скопје. Мислењата изразени на оваа веб страница им припаѓаат на авторите/„Brainster“ и не ги изразуваат ставовите на УСАИД или на Владата на Соединетите Американски Држави (САД).

Како до 1.000.000€? 🤫