Салиенце Македонија – со 15 години интернационално искуство на Brainster Job Fair 2.0

Салиенце Македонија  e реномирана консалтинг компанија специјализирана за проекти во областа на телекомуникациската и ИКТ индустријата. Со присуство на пазарот повеќе од 15 години, компанијата успешно оперира и во Скопје во последната деценија.

Салиенце поседува регионални канцеларии во Дубаи, Бахреин, Саудиска Арабија и Кенија, со портфолио на клиенти што вклучува водечки банки, телекомуникациски оператори, регулаторни тела и владини институции од Блискиот Исток, Азија, Африка, Јужна Америка и избрани европски пазари.

Оваа година, Салиенце се вклучи како еден од официјалните спонзори на Brainster Job Fair и AI Conference, дополнително потврдувајќи ја својата посветеност кон поддршката на млади таленти и унапредувањето на иновациите во регионот.

Кои вештини и квалификации сметате дека се клучни за потенцијалните кандидати во денешниот пазар на труд?

Желба за учење и надоградба, посветеност, професионалност, работна етика се клучни во денешниот пазар на труд.

Како вашата компанија ја користи вештачката интелигенција во своите производи/услуги/процеси?

Со експанзијата на вештачката интелигенција се овозможи побрз и полесен пристап до информации, особено при собирање податоци за маркетинг анализи и подготовка на извештаи.

Каков совет би им дале на компаниите кои штотуку почнуваат да ја истражуваат употребата на вештачката интелигенција?

Нашиот совет до компаниите е да ја искористат вештачката интелигенција разумно и во ограничени ситуации.

AI нема да те замени, ќе те заменат корисници на „AI at Work“!

„AI at Work“ е достапен преку претплатнички модел, со цена од 25€ месечно, со загарантирана цена за првите 1000 корисници. Претплати се сега и биди дел од новата генерација AI професионалци!

Пакетот кои го добиваат корисниците е следен: 
25 евра за 8 курсеви секој месец +
Бонус 1: Една бесплатна академија годишно за редовните корисници,
Бонус 2: Бесплатен пристап до дигитална заедница за поддршка и учење.

Дали можете во три збора да ја опишете културата во вашата компанија и што најмногу ги мотивира вашите вработени?

Прифаќање на различностите, висока работна етика, колегијалност и тимска работа.

Дали имате некоја порака за младите таленти и студенти кои се во потрага по работа или се заинтересирани за вештачка интелигенција?

Нашата препорака до младите таленти е бидат истрајни во тоа што го прават, да учат и да се
надоградуваат согласно најновите трендови.

Каков совет имате да споделите за оние кандидати кои сакаат да ја променат својата кариера?

Сите оние коишто сакаат да ја променат својата кариера ги советуваме да не се плашат од промени, да бидат флексибилни на условите и понудата на пазарот. Им посакуваме да си го најдат соодветното место согласно тоа
што го сакаат.


AI at Work | AI тренинзи за професионалци и компании во ерата на AI, за 25€ месечно!