Првата целосно дигитална банка во земјата – ПроКредит Банка се придружува на партнер-компаниите како дел од ИТ саемот за вработување.
Реномираната компанијата ја задржува довербата и лојалноста на своите години веќе 20 години. Како модерна банка за бизнис клиенти и за физички лица, нуди целосна флексибилност со пристап до финансиски услуги од кое било место и во кое било време. ПроКредит Банка става посебен акцент на транспарентноста и одговорноста кон општеството, природата, како и кон своите клиенти и вработени. Банката го стимулира и претприемништвото во земјата, давајќи поддршка на локалните бизниси и прогресивните граѓани.
Елена Тодоровска, како дел од секторот за човечки ресурси во ПроКредит Банка, пишува за посветеноста на компанијата за поттикнување иновации.
Здраво Елена, ти благодариме за учеството на овој блог! Можеш ли да ни кажеш малку повеќе за твојата улога во компанијата и како изгледа еден типичен работен ден?
Благодарам за поканата! Работам во секторот за човечки ресурси во ПроКредит Банка. Мојата улога е грижа за нашите вработени и поддршка во нивниот професионален развој, како и регрутирање на нови таленти, обука и развој на вработените. Една од улогите ми е и безбедување позитивна и продуктивна работна средина.
Еден типичен работен ден вклучува состаноци со различни тимови, интервјуа со кандидати, планирање на обуки и активности за развој на вработените, како и работа на проекти за подобрување на процесите за управување со човечки ресурси. Се трудиме да креираме позитивна работна атмосфера каде секој еден вработен ќе се чувствува важен и ценет. Нашата цел е да ги поттикнеме вработените да го даваат најдоброто од себе и да бидат задоволни од работното место.
Што е уникатно за Вашата компанија што ја издвојува од другите во индустријата?
Изборот на вистинските луѓе за тимот е една од најзначајните одлуки. Она што ја издвојува ПроКредит од другите во индустријата е нашиот пристап кон вработувањето. Не бараме само технички вештини и искуство туку во процесот на селекција при вработување им даваме шанса на младите луѓе без претходно работно искуство, но со интегритет, желба за учење и развој.
Дополнително, постојано вложуваме и во обуки за развој со цел нашите вработени постојано да ги надградуваат своите знаења и вештини. Со ова создаваме тим од квалитетни и мотивирани професионалци кои може да одговорат на предизвиците во банкарскиот сектор.
Коинвестираме во твојата иднина! Заедно со партнер-компаниите доделуваме 100 ваучери од 1000 евра. Не чекај и аплицирај за твојот!
Честитки! Вашата компанија е една од 50-те компании поканети да учествуваат на Саемот за вработување на Бреинстер. Што ве мотивираше да присуствувате на овој настан?
Благодариме! Мотивацијата за учество на настанот е желбата да се поврземе со млади таленти и да им понудиме можности за кариера во нашата банка. Веруваме дека саемот е одлична можност за да се претставиме како банка и кои се нашите вредности. Како и за да идентификуваме идни лидери кои ќе помогнат во нашата мисија за одржлив економски развој.
Според вас, какво влијание имаат ваков тип на настани врз екосистемот?
Ваквите саеми за вработување имаат позитивно влијание врз екосистемот зашто овозможуваат директна комуникација помеѓу работодавците и кандидатите, со што се олеснува процесот на регрутирање.
Овие настани исто и ги мотивираат младите луѓе да ги истражат своите кариерни опции и да најдат компании кои се усогласени со нивните вредности и професионални цели.
Каков совет би им дале на студентите кои се заинтересирани да аплицираат за позиции во вашата компанија на саемот за вработување? Некој совет за добар впечаток и самопрезентација?
Мојот совет е да бидат искрени и автентични. Покажете ја Вашата страст за учење и развој и не се плашете да поставувате прашања. Важно е да бидете отворени, искрени за да ја видиме вашата желба за развој.
Настанот е организиран од Brainster во рамки на Активноста на УСАИД за млади кои активно создаваат можности, имплементирана од организацијата Унапредување на економиите за посилни заедници, во партнерство со Младински образовен форум (МОФ) и Центарот за претприемачи и развој на менаџери (CEED Hub) Скопје. Мислењата изразени на оваа веб страница им припаѓаат на авторите/„Brainster“ и не ги изразуваат ставовите на УСАИД или на Владата на Соединетите Американски Држави (САД).