ЛЕОРОН се етаблираше како водечка компанија специјализирана за организирање и спроведување висококвалитетни корпоративни и индивидуални тренинзи. Компанијата нуди обемна палета на обуки во клучни области како што се финансии, човечки ресурси, управување со ланецот на снабдување (производство) и други специфични сектори, прилагодени на современите барања на пазарот.
Со значително присуство и докажан успех, особено со големи клиенти од регионот на Блискиот Исток, ЛЕОРОН континуирано ја проширува својата меѓународна репутација. Преку иновативните услуги што ги нуди, примарна мисија на ЛЕОРОН е значително да ја зголеми конкурентноста на своите клиенти, поттикнувајќи култура на континуирано учење и развој.
Компанијата е цврсто посветена на својата визија, која се темели на конзистентност и истрајност. ЛЕОРОН се стреми да стане најдобрата тренинг компанија не само во регионот на ЕМЕА (Европа, Блиски Исток и Африка), туку и на глобално ниво, поставувајќи нови стандарди во индустријата за професионален развој.

Кои вештини и квалификации сметате дека се клучни за потенцијалните кандидати во денешниот пазар на труд?
Веруваме дека, покрај техничките вештини со кои секој треба да се „наостри“ за да просперира во брзо менливиот свет, меките вештини, или „soft skills“, ги отвораат портите кон квалитетна соработка со колегите и клиентите. Комбинирани, тие претставуваат двигатели на успешен пат во корпоративниот свет.
Како вашата компанија ја користи вештачката интелигенција во своите производи/услуги/процеси?
ЛЕОРОН ја користи ВИ за да се прилагоди на индивидуалните стилови и потреби за учење. Со следење на напредокот на корисникот, се препорачуваат вежби и вештини кои најмногу му одговараат. ВИ се користи за таргетирање потенцијални клиенти со персонализирани понуди и за оптимизирање на маркетинг кампањите преку анализа на податоци и предвидување на трендови.
AI нема да те замени, ќе те заменат корисници на „AI at Work“!
Пакетот кои го добиваат корисниците е следен:
25 евра за 8 курсеви секој месец +
Бонус 1: Една бесплатна академија годишно за редовните корисници,
Бонус 2: Бесплатен пристап до дигитална заедница за поддршка и учење.
Каков совет би им дале на компаниите кои штотуку почнуваат да ја истражуваат употребата на вештачката интелигенција?
Вештачката интелигенција безусловно помага во секојдневните рутински задачи. Преку персонализирање на услугите, таа учествува во растот и развојот на компанијата и оди рака под рака со нејзините промени.
Зграпчете ја можноста што ни ја нуди вештачката интелигенција и користете ја етички – не заборавајте да се заблагодарите за помошта 😊.

Дали можете во три збора да ја опишете културата во вашата компанија и што најмногу ги мотивира вашите вработени?
Ние се стремиме кон инклузивен, мотивирачки и кориснички ориентиран пристап, како кон нашите надворешни клиенти, така и интерно кон вработените. Фокусот на вложување во професионалниот и едукативен развој на нашите вработени претставува силен мотиватор, кој сите заедно нè води кон поставување и остварување поамбициозни цели.
Каков совет имате да споделите за оние кандидати кои сакаат да ја променат својата кариера?
„Не се работи за тоа каде си, туку за тоа каде одиш.“
Иднината е нешто на што можеме да работиме и да го обликуваме. Промените во кариерата носат со себе раст, по растот следува развој, а развојот е водилка како на професионален, така и на личен план. Ако сакате да ја промените својата кариера, најважно е да имате јасна визија за тоа што сакате да постигнете и да не се плашите од новите предизвици. Ризикувањето во правец на вашата страст и интереси може да отвори нови врати и можности.