Поразговаравме со Мирјана Тасков, HR Manager на нашите партнери за вработување InfoSoft групацијата, каде што двете наши алумни студентки, Бојана Јовановска и Јасна Драгшиќ, се приклучија на тимот.

InfoSoft групацијата во Македонија е дел од поголема регионална мрежа со повеќе од 30 години искуство во ИТ-индустријата, нудејќи иновативни решенија и услуги на компании од различни сектори.

Дознајте од прва рака како Бојана и Јасна ја започнаа својата кариера во една од водечките компании во индустријата, како и за искуството на Мирјана Тасков како инстукторка на Академијата за човечки ресурси и како една од говорничките на Graduation Party.

Зошто InfoSoft групацијата како компанија одлучи да соработува со Brainster?

Како компанија, ние ги користиме сите достапни канали за регрутација на квалитетни кадри. Соработката со Brainster ни беше логичен чекор, бидејќи секогаш сме во потрага по нови и храбри таленти. Вие нудите квалитетни образовни програми кои создаваат професионалци подготвени за пазарот на трудот. За нас е важно да работиме со партнери кои делат слични вредности за практична примена на знаењето и постојан развој.

Какво беше Вашето искуство на сцена пред алумни студентите на прославата за дипломирање за генерацијата 2023-2024?


Во публиката беа присутни и мои дипломирани студенти од HR академијата и дел од менаџментот на InfoSoft групацијата, па говорењето пред нив и останатите дипломираните студенти за мене беше навистина возбудливо и инспиративно искуство. Се чувствува нивната позитивната енергија и подготвеноста на студентите за нови професионални предизвици. Тоа беше и можност да им споделам практични совети и да ги охрабрам да продолжат да веруваат во себе и да постојано да ги унапредуваат своите вештини.

Биди чекор пред останатите! Приклучи се на листата на чекање и дознај прв
доколку се отвори повторно можност за упис на нашите академии!

Зошто се одлучивте да ги вработите токму студентките Бојана Јовановска и Јасна Драгшиќ од Академијата за човечки ресурси и Project & Product Management и какво е нивното досегашно интегрирање во тимот?


Тоа беа моменталните потреби на нашата компанија. Двете кандидатки, сега веќе колешки успешно го поминаа процесот на селекција и покажаа соодветни технички и интерперсонални вештини кои ги баравме. И двете беа многу срдечно дочекани од тимот и тоа, во комбинација со нивната иницијатива и желба за брза адпатација, помага многу бргу да се интегрираат во тимот.

Кои предности и предизвици ги забележувате кај студентите како инструкторка на Академијата за човечки ресурси во Brainster?

Најголем дел од студентите се силно мотивирани и со желба за успех и професионална реализација, па имаат голема волја за учење. Знае да биде предизвик недостатокот на реално работно искуство кај некои од нив, во смисла на тоа дека е потребно дополнително време за да се совладаат секојдневните аспекти на работата. Сепак, преку практични задачи и проектно базирано учење, тие брзо го надминуваат овој предизвик.

Каков совет би им понудиле на компаниите во контекст на соработување со млади таленти и иноватори?


Компаниите треба да имаат искусни кадри, но и да бидат отворени за соработка со млади таленти и да им овозможат простор за развој и иновации. Тие имаат свежи идеи и младешка енергија и можат да придонесат за растот на организацијата. Бизнисите треба да инвестираат во креирање на добри менторски и тренинг програми и да вложуваат во младите кадари, зошто тоа секогаш носи долгорочни придобивки.

НОВО | Академија за DATA ANALYTICS и Академија за SALES 👉 👉