FrontLogix на Brainster Job Fair 2.0 и AI Conference – иновации во BPO и CX индустријата

FrontLogix е компанија за BPO (Business Process Outsourcing) која нуди Managed Services и консултантски решенија. Нејзиниот фокус е на унапредување на корисничкото искуство преку примена на најсовремени технологии и експертиза од висококвалификувани професионалци. Компанијата обезбедува прилагодени CX (Customer Experience) решенија кои им помагаат на клиентите да ги оптимизираат своите операции и да го зголемат задоволството на крајните корисници.

Мисијата на FrontLogix е да испорачува решенија кои ги надминуваат очекувањата на клиентите, користејќи ја вештачката интелигенција, автоматизацијата и посветен тим од експерти. Со оваа стратегија, FrontLogix цели кон создавање одржливи, долгорочни партнерства, нудење флексибилни услуги приспособени на индивидуалните потреби на клиентите, поддршка на професионалниот развој на своите вработени и активно придвижување на иновациите во CX индустријата.

Кои вештини и квалификации сметате дека се клучни за потенцијалните кандидати во денешниот пазар на труд?


Во денешниот пазар на труд, најважни се добрите комуникациски вештини, технолошката компетентност и способноста за брзо прилагодување. Важно е кандидатите да бидат проактивни, да можат самостојно да решаваат проблеми и добро да работат во тим. Познавањето на повеќе јазици е голема предност. Во FrontLogix, покрај професионалните квалификации, ја цениме и желбата за учење и позитивниот став.

Како вашата компанија ја користи вештачката интелигенција во своите производи/услуги/процеси?

FrontLogix ја користи вештачката интелигенција (АИ) за да ја подобри ефикасноста и квалитетот на услугите што ги нуди. Со помош на АИ, автоматизираме насочување на повици кон најсоодветните агенти, правиме транскрипција и анализа на разговори во реално време, и овозможуваме автоматизирана и персонализирана комуникација преку е-пошта и чет. Исто така, АИ ни помага да ја анализираме задоволството на клиентите и да им понудиме персонализирана обука на нашите агенти. Со овие технологии го оптимизираме управувањето со ресурси и создаваме подобро и побрзо корисничко искуство.


Каков совет би им дале на компаниите кои штотуку почнуваат да ја истражуваат употребата на вештачката интелигенција?

Советот што би го дале на компаниите кои штотуку почнуваат да ја истражуваат употребата на вештачката интелигенција е да започнат со мали и јасно дефинирани проекти, каде АИ може да донесе брзи и мерливи резултати. Важно е да се фокусираат на автоматизација на рутински задачи и подобрување на корисничкото искуство. Исто така, препорачливо е да обезбедат соработка помеѓу техничките тимови и кориснички ориентираните оддели за успешно интегрирање на АИ решенија.

Дали можете во три збора да ја опишете културата во вашата компанија и што најмногу ги мотивира вашите вработени?

Креативност. Соработка. Напредок.

Нашите вработени се мотивирани од можноста за континуиран развој, учење нови знаења и работа во поттикнувачка и динамична средина, каде нивниот труд е ценет и почитуван.

Дали имате некоја порака за младите таленти и студенти кои се во потрага по работа или се заинтересирани за вештачка интелигенција?


Бидете љубопитни и отворени за нови знаења, особено во полето на вештачката интелигенција, која брзо се развива и го менува светот. Постојаното усовршување и желбата за учење се клучот за успешна кариера. Во FrontLogix, ние ги цениме младите со свежи идеи и ентузијазам и секогаш сме подготвени да ги поддржиме во нивниот развој.

Каков совет имате да споделите за оние кандидати кои сакаат да ја променат својата кариера?

Совет за кандидатите кои сакаат да ја променат својата кариера е да го прифатат предизвикот со отворен ум и трпение. Промената носи нови можности, но и потреба за учење нови вештини. Препорачуваме постепено да ги надградуваат своите знаења преку обуки, курсеви или практично искуство, како и да бараат поддршка и менторство од искусни професионалци. Важно е да останат истрајни и фокусирани на целта, бидејќи со правилен пристап и мотивација, секој може успешно да започне нова кариера.


AI at Work | AI тренинзи за професионалци и компании во ерата на AI, за 25€ месечно!