Во време кога младите се соочуваат со предизвици на пазарот на труд, Brainster Group веќе десет години гради нов модел на образование што резултира со реални вработувања и силна професионална мрежа. Најнов доказ за тоа е Brainster Job Fair 2.0 — најголемиот ИТ саем за вработување во земјата, кој и оваа година беше ексклузивен за студентите на Brainster и Brainster Next College.

Целта на овој саем кој се одржува по втор пат е да изгради платформа за директна поврзаност меѓу таленти и индустрија. На Brainster Job Fair 2.0, над 400 студенти се претставија пред локални и интернационални компании. Настанот се одржа во просториите на Brainster, каде со голема енергија и ентузијазам студентите комуницираа со претставници од компании од различни сектори – од ИТ и блокчејн технологии, до маркетинг, банкарство и регрутација.

Студентите имаа можност да се претстават пред компании, да закажуваат интервјуа, да поставуваат прашања и да добијат директна повратна информација од работодавци. За многумина ова претставуваше прва сериозна деловна интеракција, но и конкретна можност за вработување.


Нов производ на Brainster – AI at Work: 8 AI курсеви + AI Академија, сè за 25€/месечно – претплати се сега и осигурај ја загарантираната цена за првите 1000 корисници!


Компаниите од партнерската мрежа на Brainster добија пристап до селектирана база на повеќе од 400 талентирани студенти, листа со претселектирани кандидати прилагодена на нивните специфични потреби, персонализирани препораки уште пред почетокот на настанот, можност за интервјуа во живо и вработување на самото место. Овој пристап значително го оптимизира процесот на регрутација и овозможува побрзо и поефикасно наоѓање на вистинскиот кадар.

Во рамките на саемот беа организирани и серија работилници посветени на најрелевантните теми од денешниот пазар, меѓу кои: влијанието на вештачката интелигенција врз кариерите во маркетингот, идентитетот во децентрализиран дигитален свет, менталното здравје кај амбициозните професионалци, како и практични совети за фриленс кариери. Работилниците беа водени од домашни и меѓународни експерти, меѓу кои и партнери како Blockia Labs, Psyent и LEAN.

Овој настан претставува дел од пошироката мисија на Brainster Group – да ги подготви студентите за вработливост на еден реален и брзорастечки пазар. Преку работа на реални проекти со ментори од индустријата, учество во хакатони, интеракција со клиенти и активна поддршка од тимот за партнерства, студентите се изложени на реални професионални сценарија уште за време на своето образование.

По 10 години успешна работа, мрежата на партнери на Brainster Group денес брои над 200 локални и интернационални компании. Оваа година, по повод десетгодишнината од постоењето, го одбележуваме завршувањето на првата генерација од Brainster Next College кои добија 100% вработување, запишувањето на првата генерација на NU High School Academy, и со гордост го презентираме Brainster Job Fair 2.0 како настан што ја дефинира иднината на образованието и вработувањето.

Ако твојата цел е вработување, избери образование што води кон резултат. Учи во Brainster Group!


AI at Work | AI тренинзи за професионалци и компании во ерата на AI, за 25€ месечно!