Телекомуникациската компанија А1, член на Групацијата А1 Телеком Австрија и добитник на сертификатот Great Place to Work®, ќе вработува таленти на Brainster Job Fair. А1 нудат конвергентни и софистицирани дигитални решенија за комуникациските потреби, не само на резидентните и на деловните корисници, туку и на секое модерно семејство. 

A1 се стреми да стане водич во дигиталниот свет за своите корисници со напредни дигитални искуства и алатки за подобра поврзаност. Компанијата, со нешто помалку од 1.000 вработени се грижи за обезбедување на најдоброто корисничко искуство за над 1.200.000 корисници.

Кристина Бранова и Ивана Петровиќ, дел од тимот за аквизиција на вработени во А1, ги охрабруваат заинтересираните студенти да аплицираат во компанијата. Да бидат дел од компанија од доверба и да се приклучат на бренд со свежи идеи, отворен за нови размислувања. 

Здраво Кристина и Ивана, ви благодариме за учеството на овој блог! Можете ли да ни кажете малку повеќе за вашата улога во компанијата и како изгледа еден типичен работен ден?

Пред сѐ, Ви благодариме на поканата за учество, секогаш е задоволство да се учествува на вакви настани. Ние сме дел од тимот за аквизиција на вработени кој е одговорен за сите вработувања и интерни трансфери во рамките на компанијата. За нашиот тим воопшто не постои типичен работен ден, секое искуство со кандидатите е уникатно од самиот почеток на процесот (комуникација, интервју, тестирање, понуда за работа и сл.).

Што е уникатно за вашата компанија што ја издвојува од другите во индустријата?

Постојаното учење е наш двигател, а креативните средини се извор за иновации. Можноста за развој и унапредување на нашите вештини е уникатна во А1 Македонија – ни помага во градење на нашите идни кариери и стекнување на нови вештини за исполнување на променливите барања на нашите корисници.

А1 Македонија е една од првите компании во нашата држава која се закити со Great Place to Work® сертификат. Сертификатот Great Place to Work® се доделува врз основа на обемен процес на евалуација и вклучува темелна анализа на политиките, практиките на работното место и анонимни повратни информации од самите колеги. Овој сертификат означува дека А1 Македонија ги исполнува и надминува високите стандарди поставени од Great Place to Work®, покажувајќи ја посветеноста на компанијата да создаде средина каде што вработените напредуваат и имаат транспарентна корпоративна култура. 


Коинвестираме во твојата иднина! Заедно со партнер-компаниите доделуваме 100 ваучери од 1000 евра. Не чекај и аплицирај за твојот!


Честитки! Вашата компанија е една од 50-те компании поканети да учествуваат на Саемот за вработување на Бреинстер. Што ве мотивираше да присуствувате на овој настан?

Ви благодарам, навистина ни е чест и задоволство што ќе бидеме дел од настанот. Мотивацијата е да ја претставиме нашата компанија како посакувано место за работа преку реални искуства на вработените и да ги привлечеме најдобрите таленти на пазарот 🙂. Тоа што А1 Македонија со сигурност може да го понуди е работа со искусни експерти, можност за истражување и креирање на нови решенија, како и реализација на истите. Патот кон успехот е предводен од идеи, резултати, заемна почит и тимска работа. 

Според вас, какво влијание имаат ваков тип на настани врз ИТ индустријата/екосистемот?

Според нас ваквите настани имаат доста позитивно влијание врз ИТ индустријата бидејќи обединуваат многу отворени работни позиции, врвни компании и потенцијални кандидати на исто место. Саемот за вработување организиран од Бреинстер е врата кон светот на можности и претставува шанса за учење и напредување во кариерата. 

Можете ли да го опишете идеалниот кандидат кој се надевате дека ќе го сретнете на саемот за вработување?

Не би можеле да кажеме дека постои идеален кандидат, но би сакале да сретнеме кандидати кои се љубопитни и константно вложуваат во својот развој. Една од најголемите вредности на сите нас кои сме дел од овој HR свет е тоа што сме внимателни слушатели, одлични во собирање и интерпретирање на податоци и секогаш во потрага по подобрување на веќепостоечките практики. Креираме и поддржуваме канали на комуникација кои ни даваат можност да сме блиску и секогаш достапни за нашите идни колеги. Затоат со нетрпение го очекуваме и поддржуваме овој настан. 

Каков совет би им дале на студентите кои се заинтересирани да аплицираат за позиции во вашата компанија на саемот за вработување? Некој совет за добар впечаток и самопрезентација?

Ги охрабруваме сите заинтересирани студенти кои ја препознаваат можноста во А1 и се гледаат себеси во оваа компанија да го направат првиот чекор и да аплицираат без двоумење, ние сме достапни за разговор за се што нашата компанија може да го понуди како искуство.  А како совет за добар прв впечаток – пред се пристигнување навреме, да бидат свои и да не се плашат да поставуваат прашања.


Настанот е организиран од Brainster во рамки на Активноста на УСАИД за млади кои активно создаваат можности, имплементирана од организацијата Унапредување на економиите за посилни заедници, во партнерство со Младински образовен форум (МОФ) и Центарот за претприемачи и развој на менаџери (CEED Hub) Скопје. Мислењата изразени на оваа веб страница им припаѓаат на авторите/„Brainster“ и не ги изразуваат ставовите на УСАИД или на Владата на Соединетите Американски Држави (САД).

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

11 Компании. 110 Студенти. 1000€ Ваучер.